Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна жалост, по убиството на лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала. „Прогласувам петдневна жалост во Исламската Република Иран. Испраќам сочувство до чесниот татко, сопругата и децата на нашиот драг Сеид, семејствата на мачениците, членовите на Хезболах, либанскиот народ и високи функционери, како и целото движење на отпорот“, […]
Американската воена помош од осум милијарди долари за Украина е „неверојатна грешка и лудост“, изјави Ким Јо Џонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Таа предупреди дека САД и Западот „си играат со оган“ во односите со Русија, нуклеарна суперсила. Ким нагласи дека Вашингтон го влошува конфликтот помеѓу Украина и Русија, доведувајќи цела Европа […]
Зголемен е бројот на загинати поради поплавите во Централна Европа. Шест лица загинаа во Романија. Петмина загинаа во Полска. Вкупно три лица загинаа во Австрија: викендов загина пожарникар, а две лица се пронајдени удавени во своите домови, јавува Ројтерс. Едно лице почина во Чешка. Јужниот дел на Полска се соочува со големи поплави, а многу […]
Неколку реки во централна Европа се излеаја од коритото во понеделникот, предизвикувајќи поплави во кои загинаа најмалку 10 луѓе од Полска до Романија, при што многу градови беа покриени или погодени од поплави по неколкудневните обилни дождови. Пограничните области меѓу Чешка и Полска беа силно погодени во текот на викендот. Некои мостови се урнаа и […]
Почнувајќи од 16 септември, Германија воведува гранични контроли на сите копнени граници во земјата, за да ја спречи илегалната миграција, објави германскиот министер за внатрешни работи. Мерките се воведуваат во консултација со најголемата опозициска партија, Христијанско-демократската унија, откако мигрант со сириско потекло уби три, а повреди осум лица во градот Солинген. „Наредив заострување на копнените […]
Новиот систем за влез и излез од ЕУ треба да стапи на сила на 10 ноември. Тоа е систем од два дела – EES и ETIAS, кои со себе носат нови правила. Системот за влез/излез (ЕЕС) е автоматизиран ИТ систем за регистрација на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ кои патуваат на […]
Прв најпрометен меѓународен аеродром е аеродромот во Истанбул, којшто работи само шест години и веќе стана лидер со 309 директни летови до 315 дестинации, како и речиси 90 милиони патници годишно (од јануари 2024 година). Ново истражување на авијациско-аналитичката компанија „Цириум“ (Cirium) покажа дека најдобриот и најпрометен аеродром за патнички летови во светот е „ИГА […]
Смртоносниот напад на Украина врз рускиот град Белгород е снимен на повеќе видеа споделени на социјалните мрежи и апликации, а сите прикажуваат вознемирувачки сцени. Вооружените сили на Украина истрелаа околу четириесет гранати кон градот, од кои триесет беа соборени. Пет лица загинаа, а 37 се повредени. На една од снимките е прикажан центарот на Белгород, […]
Украинските сили се обидуваат да ја пробијат границата во регионот Белгород во западна Русија. Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на руски канали на Телеграм. Гардијан јавува дека борбите се во тек. Каналот Mash на Телеграм тврди дека околу 500 украински војници напаѓаат два руски контролни пункта во Нехотеевка и Шебекин во регионот Белгород. Областа […]
Две лица се водат како исчезнати по обилните дождови кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето на југот на Италија, јавија локалните медиуми. Силно невреме во изминатите два дена ги зафати северните и централните делови на земјата . Во некои јужни делови, вклучувајќи го и регионот Кампанија, имаше и поплави. Властите соопштија дека две лица се водат за […]