Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека укинува 3.800 работни места во Европа, од кои 2.300 во германските градови Келн и Ахен, плус уште 1.300 во Британија. Целта е да се намалат трошоците, соопшти денеска Форд. Повеќето од работните места во Германија треба да бидат укинати во одделот за производство во Келн во следните три […]
Десницата во Италија убедливо победи на изборите за гувернери и советници во италијанските региони Лацио и Ломбардија, објавија италијанските медиуми. Конечните резултати од гласањето во северниот регион Ломбардија покажуваат дека Атилио Фонтана, кој е претставник на партијата „Лига“ на Матео Салвини, е реизбран за регионален гувернер. Тој освои 54,67 отсто од гласовите. Неговиот главен ривал, […]
Министерството за одбрана на Холандија соопшти дека два холандски борбени авиони Ф-35 пресретнале три руски воени авиони во близина на полскиот воздушен простор и ги извеле од оваа област. – Ф-35-те мораа да ја идентификуваат и да ја водат формација на авиони. По идентификацијата, се покажа дека станува збор за три авиони: руски ИЛ-20М Кут-А придружуван од […]
Ракометен репрезентативец на Турција, Џемал Кутахја, е најновата спортска жртва на катастрофалниот земјотрес, кој однесе скоро 40.000 жртви во оваа земја. Тој бил пронајден под урнатините заедно со својот син Џанер, додека неговата бремена сопруга Пелин сѐ уште се води како исчезната. Неговото тело било најдено седум дена по потресот, што шансите за добри вести […]
Владата на Нов Зеланд прогласи вонредна состојба на територијата на целиот архипелаг поради бурата „Габриел“. Според надлежните власти „Габриел“ е метеоролошки настан без преседан кој на Северниот остров во земјата донесе пороен дожд и силен ветер со брзина од 140 километри на час. На некои места е прекинато напојувањето со електрична енергија, има одрони, паднати […]
Осум лица се повредени во Њујорк кога маж, кој возел пик-ап, неколку пати удрил во пешаци на различни места во метрополата, соопшти локалната полиција. Засега органите на редот ја исклучуваат можноста за терористички мотиви за нападот. Инцидентите се случиле во Бруклин. Возачот на изнајмененото возило одбил да застане откако удрил неколку лица. Следела бркотница со […]
Две лица се спасени денеска, деветти ден од земјотресите во Турција, откако поминале 198 часа под урнатините, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Двете лица беа извлечени од урнатините во областа Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси со јачина од 7,7 и од 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари. Еден од спасените е 17-годишно […]
Едно лице загина, две се во критична состојба, а други осум се повредени кога маж, кој возел пик-ап, неколку пати удрил во пешаци на различни места во Њујорк, соопшти локалната полиција. Инцидентите се случиле во Бруклин. Возачот на изнајменото возило одбил да застане откако удрил неколку лица. Следела бркотница со полицијата, при што возачот удрил во […]
Двајца поранешни борци на руската приватна воена компанија „Вагнер“ за Си-Ен-Ен раскажаа за нивните ужасни искуства на бојното поле во источна Украина и за тоа дека командантите веднаш би ликвидирале секој што се колебал. Двајцата борци беа заробени од украинските сили кон крајот на минатата година. Си-Ен-Ен не го открива нивниот идентитет заради нивна безбедност. […]
Во експлозија на гас во предградие на Отава, главниот град на Канада, повредени се 12 лица, меѓу кои две деца, а две лица со тешки повреди морале да бидат извлечени од урнатините, соопштија официјални претставници. Во експлозијата што се случи утринава по локално време, целосно се уништени четири куќи во изградба, а оштетени се и […]