Сојузниците тврдат дека Северна Кореја краде криптовалути и ги користи за вооружување

Јужна Кореја, САД и Јапонија преку заедничко соопштение изразија загриженост поради злонамерните активности на Северна Кореја, со кои се финансира нејзината програма за оружје.

Официјални лица и експерти од САД и сојузничките земји тврдат дека криптовалутите украдени од страна на севернокорејски хакери се клучни за финансирање на програмата за оружје на Пјонгјанг.

– Ја повторуваме нашата загриженост дека севернокорејските ИТ работници продолжуваат да користат лажни идентитети и државјанства за да ги избегнат санкциите и да собираат средства за ракетните програми, се посочува во заедничката изјава.

Исто така се додава дека Вашингтон, Сеул и Токио се загрижени поради „крадење и перење пари, како и собирање информации преку малициозни кибер активности“ и ги повика членките на ОН да соработуваат со резолуцијата на Советот за безбедност за враќање на севернокорејските работници на нивната територија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *