Единствената преостаната британска електрана на јаглен во близина на Нотингем денеска за последен пат ќе произведува струја по 57 години работа, пишува весникот Гардијан. Електраната ќе заврши со работа согласно светската политика за постепено укинување на електраните на јаглен. Затворањето го означува крајот на електричната енергија на јаглен што започна кога првата електрана на јаглен […]
Светот е побезбеден по убиството на шефот на Хезболах, Хасан Насрала, од страна на Израел, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој го опиша Насрала како „брутален терорист“ и нагласи дека регионалната и глобалната безбедност се подобриле без него. „Регионот и светот се побезбедни без него“, рече Блинкен, но истакна дека „дипломатијата останува најдобриот и […]
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на источниот брег на руската област Камчатка, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ). Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ГФЗ, пренесе Ројтерс. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
САД се во процес на извлекување на своите граѓани од Либан, додека Израел продолжува со нападите во регионот. Американската амбасада во Бејрут информира дека соработува со авиокомпании за организирање на дополнителни летови. Американските граѓани се повикани да избегнуваат патување во Либан или веднаш да го напуштат ако се таму. „Поради зголемената нестабилност по воздушните напади […]
Швајцарија и Италија повторно ќе прекројуваат дел од својата граница на Алпите, поради топењето на глечерите предизвикано од климатските промени. Дел од границата ќе се наоѓа под Матерхорн, една од највисоките планини во Европа, во близина на многу популарни скијачки центри. Големи делови од швајцарско-италијанската граница се дефинирани со глечерски сртови или области со вечен […]
Норвешка може да подигне ограда долж дел или цела 198-километарска граница што ја дели со Русија, рече министерката за правда Емили Енгер Мел, потег инспириран од сличен проект во соседна Финска. „Оградата на границата е многу интересна, не само затоа што може да делува како пречка, туку и затоа што содржи сензори и технологија што […]
Во пресрет на зимската сезона, која вообичаено носи пораст на респираторните заболувања, новата варијанта на коронавирусот, позната како XEC, бележи поголем број на заразени. Оваа варијанта досега има заразено 600 луѓе во Европа и Северна Америка Иако XEC се чини дека се шири побрзо и полесно од претходните варијанти на ковид, случаите досега не се […]
Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис синоќа им врачи отказ на началникот и заменик-началникот на кипарската полицијата, откако затвореник осуден на доживотен затворе побегнал и се криел неколку дена. Осудениот Дорос Теофенус (41) исчезнал во четвртокот за време на посетата на неговото семејство во Пафос, и покрај тоа што го чувале седум полицајци. Тој бил откриен […]
Рускиот претседател Владимир Путин денес, по повод втората годишнина од анексијата на украинските региони, изјави дека Русија „ќе ги постигне сите свои цели“ во Украина. „Вистината е на наша страна. Сите цели ќе бидат остварени“, рече Путин во видеообраќањето, честитајќи им го на Русите „Денот на обединување“ со украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Керсон, […]
Продолжува размената на оган меѓу Тел Авив и Хезболах. Синоќа стана јасно дека Израел напаѓа и цели на Хутите во Јемен. Нападот на јеменското пристаниште Ходеида беше одговор на ракетните напади врз Израел во последните денови. Министерството за здравство со кое раководат Хутите соопшти дека најмалку четири лица загинале, а 29 се ранети. Нападите дојдоа […]