Новиот германски министер за одбрана Борис Писториус, чија земја најави дека наскоро ќе испрати тешки тенкови Леопард 2 во Украина, денеска пристигна во ненајавена посета на Киев. – Првиот Леопард 2 пристигна во Киев. Останатите следат, напиша на Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников со слика на која тој и Писториус држат мал модел […]
Бројот на загинати во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија сега изнесува 7.266, јави Скај Њуз пренесувајќи го најновиот биланс. Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека само во Турција починале 5.434 лица. Тој информира дека во Турција повредени најмалку 31.777 лица. Во Сирија, најмалку 3.849 лица се повредени од кои најмалку 1.449 во областите […]
Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави Анадолија. Девојчето со сириско потекло било спасено од петкатница во Хатај, една од 10-те провинции тешко погодени од земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Нејзината мајка, братот и сестрата биле претходно спасени, соопштија спасувачките екипи […]
Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија денеска надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународната помош, а спасувачите по многу студено време со сите сили се обидуваат да извлечат преживеани од под урнатините. Уништена е голема област што им отежнува на спасувачките тимови да […]
Голем пожар избувна во американска фабрика за дронови во Летонија во Марупе, предградие на главниот град Рига, јави летонскиот весник „Диена.лв“. Голем број спасувачки екипи се на терен во обид да го изгаснат големиот пламен, а на жителите им се препорачува да се држат настрана. Речиси 50 пожарникари, девет противпожарни возила, како и противпожарната служба […]
Германскиот совет за безбедност одобри испорака на 178 тенкови „Леопард 1“ на Украина од индустриските резерви, што е значително повеќе од претходно најавеното, јави денеска „Шпигел“, повикувајќи се на неименуван извор. Британските медиуми најавуваат дека најголем дел од тенковите ќе бидат испорачани следната година, додека неколку ќе пристигнат во Украина во текот на летото. Германија […]
Дваесет борци на „Исламска држава“ избегаа од затвор во северна Сирија, искористувајќи го хаосот предизвикан од разорниот земјотрес во областа на турско-сириската граница, јави ДПА. Цитирајќи ги затворските власти, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека членовите на групата Исламска држава биле во затвор во северниот дел на Алепо. Тоа е еден од регионите кои […]
На изборите за градоначалник на градот Пуерто Лопез во Еквадор победи кандидатот Омар Менендез, кој беше убиен само неколку часа пред отворањето на гласачките места. Вооружени напаѓачи упаднале и во просториите на неговата партија во саботата и го убиле Менендез и уште еден малолетник, јавува Би-би-си. Полицијата во Порто Лопез соопшти дека се уште го […]
Дејвид Керик, еден од најголемите сексуални предатори во поновата британска историја, кој дваесет години работел во лондонската полиција, денеска е осуден на доживотен затвор за десетици силувања и сексуална злоупотреба на дванаесет жени. – Ги искористивте жените на ужасен начин, рече судијката Боби Чима-Граб додека ја читаше пресудата со која заврши случајот што ја влоши […]
Десетици илјади демонстранти денеска повторно протестираа низ Франција поради најавената реформа на пензискиот систем, а новите штрајкови предизвикаа нарушувања во работата на јавниот транспорт и училиштата и снабдувањето со струја, нафта и гас. Третиот бран демонстрации против пензиските реформи се случи еден ден откако членовите на францускиот Парламент почнаа да расправаат за законот со кој […]