Меркел ќе го добие „Големиот крст на Редот за заслуги“, најголемото германско одликување

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе го добие „Големиот крст на Редот за заслуги“, што е највисокото одликување во Германија, потврдија од кабинетот на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер по објавата на магазинот „Штерн“.

Досега ова признание го добија само поранешните канцелари Конрад Аденауер и Хелмут Кол. Сите тројца политичари се од конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

Орденот со специјален дизајн ќе и биде врачен во април, соопшти канцеларијата на германскиот претседател.

Над оваа награда е само „Големиот крст“ што му се доделува на секој германски претседател по преземањето на функцијата, како и на шефовите на странски држави.

Меркел беше канцелар од 2005 до 2021 година. Според магазинот „Штерн“, на церемонијата ќе присуствуваат нејзиното семејство и бројни политички пријатели.

Покани, меѓу другите, им се испратени на партиските колеги од ЦДУ, Томас де Мезиер и Питер Алтмаер, а таа го поканила својот прв вицеканцелар од Социјалдемократската партија (СПД), портпаролот на нејзината влада и блиски соработници.

Магазинот „Штерн“, меѓутоа, наведува дека на списокот поканети на церемонијата не е никој од сегашното раководство на ЦДУ или од нејзината сестринска партија, баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), како и бизнис ориентираната Слободарска демократска партија (ФДП).

Затоа поканети се поранешниот источногермански активист за граѓански права Рајнер Епелман, актерот Улрих Матес и поранешниот селектор на фудбалската репрезентација Јирген Клинсман.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *