Швајцарската влада денеска соопшти дека нема да ја промени својата долгогодишна политика за забрана на извоз на швајцарско оружје во трети земји и покрај зголемениот притисок од европските земји да го извезат во Украина. И одвнатре и однадвор растат повиците Швајцарија да ја прекине својата вековна традиција на неутралност по руската инвазија на Украина пред […]
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, во интервју за европскиот портал „Еурактив“ денеска изјави дека ЕУ практично ги исцрпила сите можности за санкции против Русија. „Нема што повеќе да се направи од гледна точка на санкциите, но можеме да продолжиме да ја зголемуваме финансиската и воената поддршка за Украина“, рече Борел по состанокот на министрите за […]
Сајбер-криминалната група „Ransom House“ минатата недела хакираше клиника во Барселона и сега бара 4,5 милиони долари за да не се објавуваат украдени податоци за пациентите. Владините претставници рекоа дека немаат намера да се согласат со барањата на хакерите, што ја натера каталонската полиција Мосос да предупреди дека постои голема веројатност податоците за пациентите да бидат […]
Осум лица загинаа, а исто толку се повредени во пукање во храмот на Јеховините сведоци во Хамбург, а „Билд“ пишува дека наводно зад нападот стои Филип Ф. (35). Полицијата за напладне закажа прес-конференција, на која ќе бидат соопштени повеќе информации за овој масакр. Напаѓачот, за кој се верува дека е поранешен член на оваа заедница, […]
Илјадници луѓе во Киев дојдоа на поворката на погребот на воениот херој „Да Винчи“, 27-годишник по имет Дмитро Коциубајло. Почина во Бахмут, каде деветти месец по ред се водат битки. Тој ја бранел Украина уште на Крим во 2014 година, но бил ранет од тенк за потоа пак по три месеци да се врати на […]
Напаѓачот кој синоќа во Хамбург уби седум членови на заедницата на Јеховините сведоци, а потоа се самоуби, порано и самиот припаѓал на оваа заедница и имал дозвола за носење оружје, соопшти полицијата во Хамбург. – Никогаш не сме виделе масакр од вакви размери во Хамбург, рече Енди Гроте, сенатор за внатрешни работи на градот-сојузна покраина […]
Во Турција на 14 мај ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Датумот на изборите ќе стане официјален кога врховната изборна власт во земјата ќе ја одобри одлуката на Ердоган. Се очекува органот да го потврди датумот набргу по објавувањето на претседателскиот декрет во Службен весник во […]
Велика Британија најави дека ќе ја одложи изградбата на дел од новата брза железничка линија што треба да го поврзе Лондон со северна Англија поради зголемување на трошоците. Одложувањето на проектот HS2 е тежок удар за планот за модернизација на железничката мрежа и зголемување на капацитетот на транспортните линии. -Инфлациските притисоци се значителни, а трошоците […]
Европскиот совет денеска соопшти дека Претседателството на Европскиот совет и преговарачите на Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година на ниво на ЕУ. Горната граница за финална потрошувачка во ЕУ ќе биде 763 милиони тони еквивалент на нафта, а горната граница за примарна потрошувачка ќе […]
Екстремистичката вооружена група Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во кој загина гувернерот на авганистанската провинција Балх, Дауд Музмал и уште две лица во неговата канцеларија. Регионалниот огранок на ИД во провинцијата Хорасан е најголемиот ривал на талибанците и го зголеми интензитетот на нивните напади откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан […]