Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е „тажен“ поради смртта на „невините Палестинци“ во израелско-палестинското насилство, за време на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег. „Дозволете ми на почетокот да изразам сочувство и тага за смртта на невините палестински цивили кои ги загубија животите во ескалацијата на насилството во последната […]
Франција на Украина ќе и испорача уште 12 самоодни хаубици „Цезар“, најави денеска францускиот министер за вооружени сили, Себастијан Лекорну, по средбата во Париз со украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников. Франција ќе испрати и 150 француски старешини во Полска, каде што е предвидено во рок од еден месец да обучат до 600 украински војници. […]
Американскиот претседател Џо Бајден на 9 март ќе претстави предлог за американски план за трошоци, jавија американски медиуми повикувајќи се на неименуван извор запознат со планот на Белата куќа. Бајден утре во Белата куќа ќе се сретне со претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти, за да разговара за планираните владини трошоци, вклучително и приближувањето […]
Франциуските синдикати денеска објавија дека најмалку половина милион луѓе протестираат во Париз поради пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон. Реформа предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Синдикатите за денеска закажаа протести низ целата земја и очекуваат голем одѕив, како оној на 19 јануари, кога над милион луѓе излегоа на […]
Крајот на војната во Украина е далеку, тврди поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, говорејќи пред комисиите за надворешни работи и одбрана на Европскиот парламент. Расмусен повика да се обезбеди повеќе и потешко оружје за украинските војници. Според него, „наместо да се чека офанзива на пролет, подобро е да се биде подготвен за […]
Турција попозитивно гледа на Финска за разлика од Шведска како кандидат за НАТО, изјави денеска во Будимпешта турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. – Претходно рековме дека гледаме попозитивно на кандидатурата на Финска, но НАТО сака истовремено одобрување на пристапот на двете земји, посочи Чавушоглу на заедничката прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер […]
Канадската провинција Британска Колумбија денеска започна пилот програма за декриминализирање на поседувањето мали количини тешки дроги како кокаин и хероин. Според програмата возрасните можат да поседуваат до 2,5 грама кокаин и хероин, како и метамфетамин, фентанил и морфин. Сојузната Влада на Канада го одобри барањето на таа провинција на западниот брег на Тихи Океан да […]
Околу 18.500 вработени во белгискиот јавен сектор денеска излегоа на улиците во Брисел барајќи подобри работни услови и повисоки плати во своите сектори особено погодени за време на пандемијата Ковид-19. Штрајкуваат вработени во болници, домашна нега, домови за сместување и згрижување деца. Вработените во јавниот сектор протестираат за да привлечат внимание на недостигот на персонал […]
Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, проценуваат експертите и додаваат дека британскиот БДП би бил четири отсто поголем доколку Велика Британија останеше во ЕУ. Ефектите од Брегзит опфаќаат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави Блумберг по повод утрешната трета […]
Во Франција денеска повторно се очекува бран протести поради најавената пензиска реформа со која се предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, а штрајкот што е во тек веќе влијае на производството на струја, јавниот превоз и наставата во училиштата. Синдикатите, кои закажаа протести низ целата земја, очекуваат голем одѕив, […]