Недела, 15 ноември 2026 недела, 15 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Свет

Словачка ќе и испрати на Украина aвиони МиГ-29

Објавено: · 1 мин читање
Словачка ќе и испрати на Украина aвиони МиГ-29

Словачкиот премиер Едуард Хегер денеска соопшти дека неговата Влада го одобрила планот на Украина да и испрати борбени авиони МиГ-29.

Хегер истакна дека Владата едногласно одлучила да му испрати на Киев авиони од советската ера кои веќе не ги користи.

Со оваа одлука Словачка стана втората земја – членка на НАТО која одговори на упорните барања на Киев за испраќање воени авиони.

Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера најави дека неговата земја на Украина ќе и испрати десет авиони МиГ-29.