Италијанската премиерка Џорџа Мелони е на пат за Киев, каде што треба да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавија денеска италијанските медиуми. Претседателката на италијанската влада замина со воз од Полска за Киев, каде ја очекуваат претпладне, објави телевизијата Скај ТГ24. Мелони синоќа телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, кој штотуку се врати […]
Најмалку 11 лица ги загубија животите во новиот земјотрес која ја погоди Турција, а се почувствува и во Сирија. Епицентарот на земјотресот беше во близина на местото Хатај кое е едно од најпогодените во првиот земјотрес кој пред две недели ја погоди Турција, а во кој животот го загубија над 41.000 лица. Another #video showing […]
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди Иран. Како што наведува Европско медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
Во синоќешните земјотреси во Турција и Сирија загинаа најмалку 11 лица, јавија денеска локалните медиуми. Засега нема официјалнио податоци за бројот на жртвите. Најмалку шест лица загинаа, а речиси 300 се повредени во двата земјотреса на југоистокот на Турција, објави денеска турскиот весник „Хуриет“. Според тој весник, повредени се најмалку 294 лица, од кои 18 […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ја започнува дводневната посета на Полска. Бајден пристигна синоќа во Варшава, по ненадејната посета на Украина. Како што соопшти Белата куќа, Бајден во Варшава ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда. Тој ќе одржи говор една година од бруталната и неиспровоцирана инвазија на Русија врз Украина, за тоа како […]
Најмалку осум лица се повредени во земјотресот што вечерва ја погоди турската провинција Хатај, потврди турскиот потпретседател Фуат Октај, јави агенцијата Анадолија. -Градоначалникот на Хатај изјави под урнатините има затрупани лица, јави Би-Би-Си. Сириската новинска агенција САНА објави дека во Алепо има шест повредени лица при уривање на веќе оштетени згради. Вечерва беше регистриран нов […]
Најмалку три лица загинаа, а 213 се повредени во земјотресите што вечерва ја погодија Турција, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Според прелиминарните податоци, земјотресот бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потоа следеа уште два земјотреси со јачина од 5,8 степени, а потоа уште два земјотреси со […]
По земјотресот што вечерва ја погоди Турција, Европско-медитеранскиот сеизмички центар (EMSC) предупреди на опасност од цунами. „Брегот треба итно да се евакуира, бидејќи по последниот земјотрес во Хатај постои опасност од цунами“. -Земјотресот предизвика паника меѓу луѓето и оштети голем број згради, а според очевидци бил почувствуван и во Египет и Либан, пренесе британската агенција […]
Уште два силни земјотреси, од кои едниот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Новиот земјотрес на границата меѓу Турција и Сирија вечерва предизвика повторно уривање на згради. На снимката се гледа како зградата се урива од силниот земјотрес […]
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран на границата меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен. Според очевидци, имало силно тресење и причинета е материјална штета.