Серија земјотреси со јачина над 4 степени регистрирани во Турција

Земјотреси со интензитет од над 4 степени според Рихтеровата скала денеска беа регистрирани во Адјаман, Адана и Хатај, најпогодените области во Турција во разорните земјотреси од 6 февруари.

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени е регистриран во 8 часот и 27 минути. Епицентарот на земјотресот бил во градот Челихан, а неговата длабочина била седум километри, информира Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Претходно, во 3 часот и 20 минути земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтер ја погоди Адана. Неговиот епицентар бил во градот Туфанбејли, а длабочината била седум километри.

И жителите на градот Антакија (област Хатај), кој буквално беше срамнет со земја во земјотресите од 6 февруари, изутрината ги погоди нов земјотрес со интензитет од 4 степени. Земјотресот се случил во 6 часот и 3 минути, а неговата длабочина била 7,23 километри, информира АФАД.

Во меѓувреме, Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека вкупно 45.996 лица биле сместени во привремените кампови во областите погодени од земјотресот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *