По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација. Речиси четвртина од јавните здравствени услуги се засегнати од штрајкот. Медицинските сестри бараат зголемување на платите […]
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг побара денеска во Давос да се испрати повеќе оружје во Украина. – Ова е клучен момент во војната и помошта за Украина треба значително да се зголеми, рече Столтенберг во интервју за Ројтерс, на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Тој додаде дека „ако утре сакаме мирно решение […]
Корпорацијата Мајкрософт денеска објави дека ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија и со цел да заштеди 1,2 милијарди долари. Отпуштањето е многу поголемо од намалувањето на трошоците што Мајкрософт го направи минатата година, а акциите на компанијата паднаа за околу 1 отсто. „Следниот голем бран во индустријата ќе биде развојот […]
Хеликоптер се урна во близина на градинка во украинскиот град Бровари, во близина на Киев. Гувернерот на Киев извести дека на местото на несреќата има жртви, а децата во моментот на падот на хеликоптерот биле во градинката. Според последните информации од попладнево има најмалку 14 загинати, а меѓу нив има и дете. Во хеликоптерот загинаа […]
Брајан Волш, кој е обвинет за убиство на неговата сопруга Ана Волш, која исчезна на 1 јануари во Кохасет САД, денеска беше изведен пред суд, каде му беше прочитано обвинението, објавија американските медиуми. Обвинителот ги прочитал деталите каде се движел Брајан по исчезнувањето на Ана, што барал на Интернет, како и тоа дека е пронајдена […]
Резолуцијата на Европскиот парламент за спроведување на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, која беше усвоена денеска на пленарна седница, содржи параграф со кој се повикува Европската комисија да започне „независна и непристрасна истрага“ за Оливер Вархеји, со цел да се утврди дали однесувањето на комесарот за проширување и соседска политика „го крши кодексот на […]
Украинската Влада денеска го именуваше шефот на Националната полиција на Украина, Игор Клименко, за заменик-министер за внатрешни работи и му ги довери овластувањата за вршител на должноста министер за внатрешни работи, соопшти украинскиот премиер, Денис Шмигал. Назначувањето на Клименко беше објавено само неколку часа откако украинскиот министер за внатрешни работи, Денис Монастирск, загина при пад […]
Канадската министерка за одбрана Анита Ананд денеска го посети Киев и најави дека Отава ќе и испорача 200 оклопни возила „Сенатор“ на Украина како дел од новиот пакет воена помош, соопшти канадското Министерство за одбрана. За време на посетата, Ананд се сретна со министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников и други владини претставници. Во […]
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека општите избори во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец пред датумот што го објави претходно. Анкетите покажуваат дека парламентарните и претседателските избори ќе бидат неизвесни и ќе бидат најголемиот тест за поддршка на Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во изминатите две […]
Од почетокот на рускиот напад на Украина, Бугарија тајно го снабдува Киев со оружје и дизел преку неофицијални канали и преку приватни компании и посредници, независно противењето на Владата во Софија, пишува германскиот весник „Велт“. Според тврдењата на весникот, поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, минатата година водел тајна операција за снабдување на Украина „зад […]