Зеленски ја опиша битката за Донбас како болна и тешка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека неговата армија е ангажирана во „болна и тешка“ битка против руските сили во регионот Донбас, на истокот на земјата, каде што се наоѓа градот Бахмут.

– Би сакал да оддадам посебна почит на храброста, силата и издржливоста на војниците кои се борат во Донбас, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање и додаде дека тоа е „една од најтешките битки – болна и тешка“.

И покрај неговата стратешка важност, која експертите ја оспоруваат, Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас, кој се состои од регионите Луганск и Доњецк. Русија го анектираше без да преземе целосна контрола врз областа.

Зеленски им се заблагодари и на украинските војници „кои ги одбија нападите, го уништија окупаторот, ги ослабнаа позициите и логистиката на непријателот и ги заштитија украинските граници и градови“.

– Им благодарам на целата армија, стража, граничари кои ја бранат нашата земја околу Бахмут, Вугледар, Авдиевка, Сиверск, Сватов, Лиман и Запорожје, додаде претседателот на Украина.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *