Романскиот премиер Николае Чука го претстави својот „нов почесен советник“ во својот кабинет – помошник со вештачка интелигенција. Главната задача на помошникот, именуван како Јон, ќе биде да ги анализира социјалните мрежи и да ја информира владата во реално време за предлозите и желбите на Романците. Чука, претставувајќи го својот нов советник на седница на […]
Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот во Турција доколку не се преземат итни санитарни мерки, предупредуваат лекарите во земјата, пренесува „Хуриет дејли њуз“. Во земјотресот во Турција загинаа над 45 илјади лица, а милиони се погодени од катастрофата. Проф. д-р Ајлем Улаш Саз, член на Катедрата за педијатрија на Егејскиот […]
Повеќе од половина од територијата на Аргентина остана без струја откако пожар ја оштети националната електрична мрежа, јави Би-би-си. Главниот град Буенос Аирес, други поголеми градови и значителен дел од руралните области се целосно или делумно без струја додека Аргентина се бори со топлотниот бран и сушата. Се претпоставува дека пожарот избувнал на отворен простор, […]
Најмалку две лица загинаа во руски напад врз станбена зграда во Запорожје, на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти. „Луѓето се под урнатините. Според прелиминарните информации, две лица загинаа“, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев за Телеграм. Тој додаде дека зградата е „практично целосно уништена“ во нападот.
Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој веднаш по разорниот земјотрес во Турција, беше испратен да помогне во пронаоѓањето на преживеани и учествуваше во извлекувањето на 38-годишната жена, во разговор за МИА открива дека нејзиното извлекување од урнатините траело цели осум часа. По пристигнувањето во градот Адијаман, веднаш почнала потрагата по преживеани, но првиот […]
Во Тел Авив избија судири меѓу полицијата и демонстрантите против судските реформи што Владата сака да ги спроведе, а кои тие ги сметаат за антидемократски, откако два спорни нацрт-закони го поминаа своето прво читање во Парламентот. На протестите во Тел Авив против реформите, поради кои беше запрен сообраќајот на неколку патишта, полицијата употреби водени топови […]
САД одобрија потенцијална продажба на оружје за Тајван во вредност од 619 милиони долари, а во оваа сума се вклучени и ракети за борбени авиони Ф-16, во моменти кога Тајван секојдневно јавува за упад на кинеските воздухопловни сили во неговиот простор за воздушна одбрана. Продажбата на оружје веројатно дополнително ќе ги влоши и онака заладените […]
Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе ја поддржи ратификацијата на влезот на Финска и Шведска во НАТО, соопшти пратеничката група на Фидес во момент кога пратениците ја започнуваат дебатата на оваа тема по повеќемесечниот застој. Одлуката на Фидес дојде откако претседателот Каталин Новак, отворајќи ја дебатата, побара од пратениците да го ратификуваат влезот […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите сонародници ја преживеале зимата благодарение на напорите на власта да обезбеди електрична енергија и греење, но предупреди дека Русија продолжува да претставува закана за енергетскиот систем на земјата. „Зимата заврши. Таа беше тешка и сите Украинци, без да преувеличувам, ги почувствуваа тешкотиите“, рече Зеленски во своето традиционално вечерно […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека не планира да се сретне со министрите за надворешни работи на Русија или Кина за време на состанокот на Групата 20 (Г20) во Њу Делхи. Блинкен беше на кратка турнеја низ Казахстан и Узбекистан и ќе се упати во индиската престолнина на состанокот на Г-20, каде инвазијата […]