Загрижувачки предупредувања во Турција: Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот

Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот во Турција доколку не се преземат итни санитарни мерки, предупредуваат лекарите во земјата, пренесува „Хуриет дејли њуз“. Во земјотресот во Турција загинаа над 45 илјади лица, а милиони се погодени од катастрофата.

Проф. д-р Ајлем Улаш Саз, член на Катедрата за педијатрија на Егејскиот универзитет, волонтираше во областа на земјотресот заедно со многу негови колеги за да им пружи медицинска помош на настраданите. Педијатри лекуваа речиси 2.000 деца, од кои некои беа спасени од урнатините.

Саз истакна дека кај лекуваните деца најчести биле инфекциите на цревата и дишните патишта.

Лекарот предупреди дека во регионот има многу проблеми поради лошата хигиена, немање тоалети и соодветна санитација и недостиг на вода. Според експертите, доколку не се преземат превентивни мерки поврзани со хигиената, во зоната на земјотресот може да се појават низа заразни болести – од колера до досега невидени цревни инфекции.

Повеќе од 45 илјади луѓе загинаа во двата земјотреси на 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала и епицентарот во областа Кахраманмарас. Повеќе од 1,97 милиони граѓани се раселени од подрачјето на земјотресот. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *