Климатската активистка Грета Тунберг беше меѓу приведените на денешниот протест против евакуацијата на германското село Луцерат, соопшти полицијата. Тунберг беше приведенa додека протестираше во отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер 2, на околу девет километри од Луцерн. Шведскaтa активистa се приклучи на протестот во Германија минатиот петок. Таа седеше сама во голем полициски автобус откако беше […]
Европската комисија наскоро ќе предложи два нацрт-закони поврзани со борбата против корупцијата, најави на дебатата, посветена на корупцијата помеѓу европратениците во Европскиот парламент, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. -Новото законодавство ќе обезбеди јасна дефиниција за корупцијата и ќе воведе униформни казни во ЕУ за ова кривично дело. Ќе бидеме максимално строги, ќе им ги […]
Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, првата дама на Украина, Олена Зеленска се обрати во Давос и таа порача дека Украинците можат да издржат уште долго, ако успеаја една година да живеат во воени услови. Украина бара уште оружје за да се избори со руската агресија. Зеленска денеска ќе зборува на 53. Светски економски форум […]
По речиси 30 години бегство, Матео Месина Денаро, човекот означен како шеф на најозлогласената мафија во светот – Коза Ностра, беше уапсен во Палермо. Тој беше обвинет за некои од најмонструозните злосторства, поради што го доби прекарот „Дијаболик“. Не го почитуваше кодот, не ги избираше своите жртви, убиваше и деца и трудници, поради што ќе […]
Советникот на украинскиот претседател Oлексеј Арестович денеска поднесе оставка по изјавата дека Киев соборил руска ракета што погодила станбен комплекс во Дњепар. Арестович се извини и рече дека направил „фундаментална грешка“. Изјавата предизвика критики низ Украина, а руската страна ја искористи за да го обвини Киев за нападот, тврдејќи дека нападот не бил насочен врз […]
Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, денеска на седницата на Европскиот парламент изјави дека со измените на фармацевтскиот закон во ЕУ ќе биде предвидена набавка на поголемо количество лекови и порано известување за недостиг. „Нашата цел останува да обезбедиме пристап до лекови за сите пациенти на кои им се потребни, како и да избегнеме какво […]
Претседателот на Виетнам, Нгуен Ксуан Пук денеска поднесе оставка, по серијата корупциски скандали во кои беа вмешани официјални претставници. Фук поднел оставка на состанокот на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија, а текстот на соопштението покажува дека тој бил принуден да се повлече. После извршувањето на функцијата на покраинско ниво во текот на неколку децении, […]
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека сака да напише книга за времето поминато во Даунинг стрит како премиер на Велика Британија. – Со нетрпение очекувам да работам со Борис Џонсон додека тој го опишува своето време како премиер за време на некои од најзначајните настани што Велика Британија ги видела во последно време, изјави […]
Русија денеска соопшти дека до 2026 година ќе бидат спроведени длабоки реформи во нејзините вооружени сили, вклучувајќи промени во бројот на војници и во администрацијата. Руското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува бројот на припадници на вооружените сили да се зголеми на 1,5 милиони. -Само со зајакнување на клучните структурни компоненти на вооружените сили, […]
Европска комисија денеска ја уплати првата рата од три милијарди евра од пакетот макрофинансиска помош од 18 милијарди евра за Украина, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Таа истакна дека тоа е прва транша од предвидените 18 милијарди евра помош за Украина за 2023 година. Тоа ќе ја зајакне финансиската стабилност на Украина, […]