Околу 25.000 вработени во Итната медицинска помош излегоа денеска на улиците на Велика Британија поради ниските плати и недостигот на работна сила во тој сектор. Во штрајкот учествуваат болничари, возачи и луѓе кои одговараат на повиците. Тоа е втор протест на работниците во Брзата помош од средината на декември. Претставниците на синдикатот тврдат дека платите […]
Високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел во име на Европската унија ги осуди „шокантните акти на политичко насилство и неприфатливиот напад врз демократијата“ во Бразил и изрази солидарност со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и бразилските институции во одбрана на демократијата. Тој ги поздрави напорите да се истражат одговорните за нападите врз […]
Естонските власти треба да знаат дека нивното барање за ограничување на бројот на дипломати и персонал на Руската амбасада во Талин нема да остане без одговор, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова. -За нас не е тајна дека Естонија е една од земјите кои се најмногу непријателски кон Русија. […]
Седумнаесет лица загинаа во рок од два дена во три одвоени инциденти со истекување гас во Алжир, јави денеска телевизијата „Алгхад“. – Ги замолувам сите семејства да бидат внимателни за да се избегнат вакви сериозни несреќи во кои има жртви од сите возрасти, рече алжирскиот министер за внатрешни работи Камел Бељуд. Тој изрази надеж дека […]
Даунинг стрит потврди дека британската Ввлада планира да и обезбеди на Украина тенкови за да и помогне на земјата да се одбрани од руската инвазија, пишува Фајненшл тајмс. Портпаролот на Даунинг стрит изјави дека британскиот премиер Риши Сунак побарал од секретарот за одбрана Бен Валас да работи со партнерите и да обезбеди дополнителна поддршка за […]
Кина и натаму го намалува бројот на смртни случаи од Ковид-19, но споделува со нас повеќе информации за епидемијата на коронавирусот во земјата, изјави денеска шефот на техничкиот сектор на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид-19 Марија Ван Керхове. – Ни недостигаат некои многу важни информации и работиме со Кина за да ги пополниме тие […]
Во САД обновени се сите домашни летови откако беа суспендирани поради дефект во компјутерскиот систем за следење летови. Првите авиони што полетаа беа од Атланта и од аеродромот Њуарк во областа Њујорк, објави американската Федерална управа за авијација (ФАА) на Твитер. Според ФАА постигнат е напредок во отстранувањето на компјутерски дефект поради што беа приземјени […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека наредил истрага поради падот на системот на Федералната управа за авијација, што предизвика приземјување на повеќе авиони во Америка и додаде дека засега не е позната причината за дефектот. Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека разговарал со секретарот за транспорт Пит Бутигег и дека треба […]
Шведска направи сè што и вети на Турција и сега очекува турскиот Парламент да го ратификува нејзиниот влез во НАТО, изјави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон. Кристерсон рече дека неговата неодамнешна изјава дека Шведска не може да ги исполни барањата на Турција за да го ратификува нејзиниот влез во НАТО била погрешно протолкувана. Тој рече […]
Канцеларијата на главниот обвинител на Перу соопшти дека покренала истрага против новата претседателка Дина Болуарте и членовите на нејзиниот кабинет поради насилните судири во кои од почетокот на декември загинаа најмалку 40 луѓе, а стотици беа повредени. И покрај тоа, новата влада со големо мнозинство гласови ја доби довербата од Конгресот. Во случај на неуспех, […]