Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска неколку руски проектили прелетале над Молдавија и членката на НАТО Романија, оквалификувајќи го тоа како предизвик за Алијансата и колективната безбедност. „Непријателот лансираше најмалку 70 проектили во уште еден масивен напад (против Украина) утринава“, рече Зеленски во видео-порака, објавена на Телеграм. „Неколку руски ракети прелетаа низ воздушниот простор […]
Помошта „не пристигнува толку брзо како што се надевавме“, по првпат призна денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пет дена по земјотресот во кој загинаа повеќе од 22.000 луѓе во Турција и Сирија. – Разорувањето погоди толку многу згради… што за жал не можевме да интервенираме толку брзо како што се надевавме, рече Ердоган за […]
Во земјотресите во Турција и Сирија досега загинаа повеќе од 22.000 луѓе, јави ДПА. Повеќе од 7.000 хуманитарни работници од 61 земја се во Турција и помагаат во напорите за потрага и спасување по земјотресите во понеделникот, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи. Вкупно 97 земји испратија помош и за Турција. Според турскиот претседател […]
Спасувачките екипи не само што ги спасуваат живите луѓе од подурнатините, туку тие спасуваат и живи животни кои се заробени со денови по трагедијата која ја погоди оваа област во Турција. Во областа Пазарџик во Кахраманмараш која во понеделникот беше погодена од катастрофалниот земјотрес се спасени три папагали на едно момче кое ги прашало спасувачките […]
Премиерот на Северен Кипар соопшти дека во урнатините на хотелот „Исијас“ на булеварот Адијаман Ататурк се пронајдени мртви тела на вкупно 16 лица. Во седумкатниот хотел, кој се урна во земјотресот, престојуваа машките и женските одбојкарски екипи на Колеџот „Фамагуста“, чија експедиција броеше 39 членови. Четири лица веднаш по земјотресот излегоа од урнатините. „Ги пронајдовме […]
Уште две лица беа спасени денеска од урнатините на петкатна зграда во Искендерун, во турската провинција Хатај, дури 107 часа по разорните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот дел на Турција. Во нивното спасување учествувал и спасувачки тим од Босна и Херцеговина, јави Анадолија. Бројни спасувачки екипи продолжуваат со потрагата и спасувањето во Хатај. […]
Најниската температура за оваа зима е измерена во Романија. Во четвртокот наутро термометрите во Инторсура Бузулуи покажаа минус 31 степен, пренесува Digi24. Областа е позната и како „Малиот Сибир“ поради екстремно ниските температури што се евидентираат таму секоја година. На 8 јануари 2015 година беа забележани минус 34,6 степени Целзиусови, а на 10 јануари 2017 […]
Од денеска секој ден од 10 до 16 часот е отворен пунктот во центарот на Прилеп, на камената бина на плоштадот „Александрија“ за донирање за настраданите од земјотресот во Турција и во Сирија. Прилепчани веднаш се одзваа и почнаа да донираат облека, обувки, постелнина, храна. Прилепчанецот Јосе Миланоски вели дека сочувствуваме со огромната болка на […]
Бројот на смртни случаи како последица од катастрофалниот земјотрес надмина 21.700 во Турција и Сирија. Се очекува бројот да се зголеми. Над 75.000 лица се повредени во два разорани земјотреси во понеделникот. Спасувачите се во трка со времето, за да се спаси живот повеќе. Турските власти велат дека се урнале околу 6.500 згради, а голем […]
Управата на граничната полиција на Белорусија денеска соопшти дека одлуката на Варшава да го затвори граничниот премин Бобровники меѓу Полска и Белорусија е „катастрофална“. Во соопштението се додава дека тој потег на Полска може да доведе до колапс на сообраќајот од двете страни на границата. „Преостанатите два гранични премина меѓу Полска и Белорусија ќе бидат […]