Осман Демирел, кој загуби три деца во земјотресот во центарот на Караманмарас, вели дека алчноста на луѓето ги зголемила размерите на катастрофата во Турција. -Станавме жртви на нашата алчност, нагласи тој. Во земјотресот, што се случи во Караманмарас на 6 февруари, беше уништена шесткатницата на Хисар. Осман Демирел, кој живеел во таа зграда, ја избегнал […]
Еврото претрпе удар во 2022, пагајќи во однос на американскиот долар како последица на енергетската криза во Европа. Заедничката европска валута сега зајакнува што ќе придонесе во справувањето со инфлацијата во регионот. Еврото надомести поголем дел од загубите предизвикани од растот на американскиот долар кој се случи по руската инвазија на Украина и енергетската криза. […]
Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела ќе ја посети Полска, но според претставник на Белата куќа, тој нема да ја посети Украина во пресрет на годишнината од почетокот на руската инвазија, јави ДПА. Бајден ќе изрази континуирана американска поддршка за Украина додека е во соседна Полска, каде што ќе биде од вторник наутро, изјави синоќа […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако тој ги посети подрачјата погодени од земјотресот и најави дополнителна американска помош од 100 милиони долари. Тоа е прво патување на американскиот државен секретар во Турција по преземањето на функцијата пред две години. Конфликтот во Украина ќе […]
Од 20 до 24 февруари Обединетите Арапски Емирати и градот Абу Даби ќе бидат домаќини на шеснаесеттата меѓународна изложба на оружје и воена опрема „IDEX 2023“ и седмото издание на Поморската воена изложба“ NAVDEX 2023“ – најголемите настани од таков вид во светот, каде се прикажуваат најновите иновации и технологии во меѓународниот одбранбен сектор, како […]
Поројните врнежи од дожд во крајбрежните области во југоисточниот дел на Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа 36 лица, а неколку стотици останаа без своите домови, соопштија локалните власти. Владата на сојузната држава Сао Паоло потврди дека 36 лица загинале, а стотици ги напуштиле своите домови или останале без покрив над […]
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ќе пристигне во Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Мелони, која ја презеде функцијата минатиот октомври, претходно изјави дека планира да го посети Киев пред годишнината од руската инвазија на Украина – 24 февруари. И покрај несогласувањата за ова прашање во нејзината десничарска коалиција и поделеното […]
Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Турција достигна речиси 41.000, објави денеска Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), откако операциите за потрага по преживеани завршија и ќе продолжат во само две провинции. Потрагата и спасувањето во деветте провинции погодени од земјотресот завршува, изјави директорот на АФАД Јунус Сезер. „Тие продолжуваат во […]
Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија. Епицентарот бил во близина на градот Обихиро.
Дваесет и деветгодишниот Неда Ергун веднаш по земјотресот во Турција отишол во погоденото подрачје и се претставил како неврохирург и измамил десетици луѓе. Имено, тој се обидувал да собере пари од луѓе за наводно да купи лекови, а бил приведен во Истанбул кога било откриено дека не е лекар, пренесува РТС. Инаку, Ергун е измамник […]