Повеќе од 46.000 луѓе загинаа, а над 114.000 се спасени по земјотресот во Турција

Повеќе од 114.000 луѓе се спасени за време на операциите за потрага и спасување по разорните земјотреси во југоисточна Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Работата за отстранување на урнатините привршува, 114.834 луѓе се спасени“, изјави Ердоган за локалната телевизија.

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што на 6 февруари ги погодија Сирија и Турција.

Потрагата и спасувањето се завршени, освен во провинциите Кахраманмараш и Хатај. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *