Сабота, 14 ноември 2026 сабота, 14 ноември Струга 17°C Струга 17°C Пријави вест
Струга

Охриѓанец приведен во Струга, полицијата пронашла бела прашкаста материја

Објавено: · 1 мин читање
Охриѓанец приведен во Струга, полицијата пронашла бела прашкаста материја

Четириесетгодишен жител на Охрид бил приведен во Струга откако полициски службеници кај него пронашле бела прашкаста материја.

Според информациите од СВР Охрид, на 13 ноември 2026 година, околу 22:05 часот, на улицата „Мислешевски пат“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга извршиле контрола и преглед на паркиран автомобил марка „цитроен“.

При прегледот, кај 40-годишниот охриѓанец, кој се наоѓал во возилото, било пронајдено и одземено пакување со бела прашкаста материја.

Мажот бил лишен од слобода, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.