Еврокомесарот за кризи Јанез Ленарчич денеска го посети Газиантеп во Турција, додека Унијата вети поголема помош за Сирија, јави ДПА. Шатори, вреќи за спиење, душеци, кревети, храна и облека беа меѓу помошта што ја понудија земјите на ЕУ за Сирија, откако земјата вчера побара помош од Унијата. ЕУ претходно стави на располагање 3,5 милиони евра […]
Во продолжение на операциите за пребарување и спасување во Малатја, по реакција на дресирано куче, екипите стигнале до Мерал Накир, за кој било утрврдено дека се наоѓа на прв кат од шесткатница и успеале да го спасат 77 часа по земјотресот. Малатја е една од провинциите уништени од силниот земјотрес што ги погоди јужна Турција […]
Синдикатите во Франција денеска повикаа на повторни протести во сабота против пензиската реформа што ја бара претседателот Емануел Макрон. Синдикатите повикаа на протести во сабота, како и на 16 февруари и 7 март. Ова е првпат од почетокот на протестите против зголемувањето на законската старосна граница за пензионирање од 62 на 64 години, синдикатите да […]
Од први март во Виена се укинува обврската за носење маски. Дотогаш тие се задолжителни во јавниот превоз, во аптеките, во болниците и домовите за стари лица. Од 1 март ќе се укине и задолжителниот ПЦР тест за придружници во болниците и домовите за стари лица, а се отстранува и ограничувањето болните и старите лица […]
Полска утре ќе го затвори клучниот граничен премин со Белорусија како одговор на одлуката на белорускиот суд да осуди полски новинар на осум години затвор, јавува Анадолија. Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински денеска изјави дека неговата земја ќе го прекине сообраќајот на граничниот премин Бобровики до натамошно известување. Одлуката ќе стапи во сила […]
Лидерите на земјите-членки на Европската Унија со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија на почетокот на денешниот Самит во Брисел, јавува Анадолија. „Вонредната седница на Европскиот совет штотуку започна со едноминутно молчење за жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија“, објави на Твитер Барен Лејтс, портпарол […]
Американските и француските војници кои се дел од борбената група на НАТО во Романија денеска ќе одржат воена вежба за тестирање на одбранбениот капацитет на источното крило на Алијансата, а со оглед на тоа дека се приближува првата годишнина од руската инвазија на Украина Во заедничката борбена вежба на полигонот Капу Мидија на брегот на […]
Фотографиите кои го обиколија светот ја прикажуваат уништената католичка црква во градот Искендерун во Турција. И додека црквата е речиси целосно уништена, статуите на Богородица и Св. Анте останаа целосно неоштетени. Веста за тоа на социјалните мрежи ја пренесе локалниот свештеник Антуан Илгит. „Само вчера имавме миса во црквата, но денес ја нема. Фала богу […]
Целиот свет се солидаризира со жртвите од силните земјотреси кои ги потресоа Турција и Сирија, а во кои според последните информации загинаа повеќе од 17.000 луѓе. Донациите се собираат во многу земји, вклучувајќи ги и оние каде што луѓето немаат многу. Меѓу нив е и Азербејџан, пренесуваат медиумите во регионот. Вирална стана фотографија од Азербејџанец […]
Земјотрес ја погоди најисточната индонезиска провинција Папуа при што загинаа четири лица кои не можеле да побегнат од пловечки ресторан откако тој се превртел во морето. Американскиот Национален геолошки институт соопшти дека земјотресот со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ги погодил станбените области во градот Џајапура, во близина на источниот брег на Папуа, […]