Земјотрес со јачина од 4,2 степени вечерва предизвика паника во источните и северните делови на Либан, при што жителите во некои области ги напуштија своите домови и истрчаа на улиците. Либанскиот Национален центар за геофизика соопшти дека земјотресот се случил во 20:58 часот по локално време на околу пет километри од градот Хермел, недалеку од […]
Градски автобус денеска удри во градинка во канадскиот град Лавал, северно од Монтреал, при што загинаа две деца. Шест деца завршија во болница. Возачот на автобусот (51) е уапсен и обвинет за убиство и возење во пијана состојба. Полицијата сè уште утврдува зошто возачот на автобусот удрил во градинката. Градоначалникот на Лавал, Стефан Бојер, рече […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Лондон изјави дека Украина има „многу силен одбранбен пакет од Велика Британија“, од тенкови до обука. – Верувам дека заедно ќе го поминеме овој тежок пат до нашата заедничка победа, изјави тој на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Риши Сунак. – Би сакал да кажам дека овој ден стана […]
Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија вечерва се искачи на 12.049. Вкупниот број доаѓа откако Белите шлемови објавија дека најмалку 1.730 луѓе се убиени на територијата под контрола на опозицијата во северозападниот дел на земјата. Сирискиот министер за здравство изјави за државната новинска агенција Сана дека 1.262 лица загинале во областите во земјата […]
Турција работи на отворање на уште два гранични премини со Сирија за да се овозможи проток на хуманитарна помош во соседната земја, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Тој рече дека оштетувањето на сириската страна од патот што води до граничниот премин, кој е отворен исклучиво за хуманитарна помош како дел од одобрението […]
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја доби наградата за мир на УНЕСКО во Брегот на Слоновата Коска за нејзината одлука да прифати повеќе од 1,2 милиони мигранти во Германија, и покрај притисокот во земјата и европските партнери. Организаторите истакнаа дека Меркел покажала политичка храброст кога Германија ги пречека бегалците кои побегнаа од конфликтите во Сирија, […]
ЕУ планира во март да организира донаторска конференција за да се мобилизира меѓународна помош за Сирија и Турција за справување со катастрофалните последици од земјотресите што ги погодија двете земји, соопшти шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен. – Сега се тркаме со времето за да спасиме животи заедно. Наскоро ќе обезбедиме хуманитарна помош, заедно. […]
Француските синдикати за 16 февруари планираат нови штрајкови и демонстрации против планираните реформи на пензискиот систем, јавија француски медиуми повикувајќи се на синдикални извори. Во Франција штрајкови се одржуваат од средината на јануари, со кои синдикатите протестираат против плановите на Владата да го продолжи работниот век за две години, од 62 на 64. Извори од […]
Светската здравствена организација испраќа стручни тимови и авиони со медицинска опрема во Турција и Сирија кои беа погодени од разорните земјотреси. Организацијата ќе испрати делегација на високо ниво за координирање на помошта и три авиони со медицински материјали, од кои еден е веќе на пат за Истанбул, соопшти шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на […]
Белата куќа денеска соопшти дека Кина управува со глобална флота од шпионски балони составени од сличен на оној соборен минатата недела откако навлезе на територија на САД. „Сите овие балони се дел од (кинеска)… флота од балони развиени да спроведуваат операции за набљудување“, изјави секретарот за печат, Карин Жан-Пјер на новинарите од бродот Ер Форс […]