Милијардерот Илон Маск вели дека неговата компанија Neuralink за прв пат успешно вградила еден од своите безжични чипови во човечки мозок. „Првичните резултати покажуваат ветувачки нервни импулси и пациентот добро закрепнува“, објави Маск. Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутери и да помогне во решавањето на сложените невролошки состојби. Голем број […]
На социјалните мрежи денеска се прошири драматично видео од турскиот воен транспортен авион од типот C-160. Како што објавил новинарот Раџип Сојлу на мрежата Х, турскиот авион принудно слетал поради дефект. Сојлу наведува дека дефектот се случил веднаш по неговото полетување во градот Кајсери во централниот дел на Турција, југоисточно од главниот град Анкара. На […]
На терминалот на најголемиот руски произведувач на природен гас „Новатек“ на Балтичкото море, избил пожар. Видени се дронови на таа област. Според првите неофицијални информции, станва збор за напад на украински дронови кои прелетале дури 1100 километри и ја погодиле целта. „Немаше жртви на терминалот Новатек на пристаништето Уст-Луга. Сите вработени се евакуирани“, изјави регионалниот […]
Пакистан остро го осуди иранскиот воздушен напад внатре во неговите граници. Во нападот загинаа и две деца. Пакистан тоа го нарече „неиспровоцирано нарушување на нивниот воздушен простор“ и најави одмазда, пренесува Си-Ен-Ен. Иран објави дека користел „прецизни ракети и беспилотни летала“ за да уништи две упоришта на сунитската милитантна група Џаиш ал-Адл, позната во Иран […]
Во моментов, 5.500 трактори се движат кон центарот на Минхен, пренесува германската полиција на X мрежата. Дел од улицата е затворена, а полицијата вели: „Те молам избегнувај ја целата област“. Стотици трактори пред Бранденбуршката порта
Десетици илјади луѓе денеска се собраа во Истанбул за да го одбележат почетокот на новата 2024 година со марш за Газа и да го осудат терористичкиот напад на ПКК од пред неколку недели, во кој загинаа повеќе од десет турски војници во северен Ирак, јави агенцијата Анадолија. Демонстрантите маршираа, извикуваа слогани, држеа транспаренти и вееја […]
Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на централна Јапонија. Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами долж западните крајбрежни области на префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама. Се верува дека цунами со бранови високи до 5 метри ќе стигне до Ното во префектурата Ишикава, според метеоролошката агенција. Бранови високи повеќе од еден […]
Државната метеоролошка агенција на Јужна Кореја денеска соопшти дека претходниот ден во Сеул паднале 12,2 сантиметри снег, што е најмногу снег во еден ден од 1981 година. Корејската метеоролошка управа објави дека во саботата и во другите делови на Јужна Кореја паднал снег или врнело дожд, пренесува Блумберг. Според јужнокорејската Агенција за национална безбедност, снегот […]
Сè уште не е Трета светска војна, но денес има повеќе војни низ светот отколку во кој било период после 1945 година. Во бурната 2023 година, светот беше сведок на наплив на војни, во кои се одземени огромен број животи на цивили, како и целосно разурнувања на домовите, поради што илјадници луѓе останаа без покрив […]
Нападите на Хутите сериозно го нарушија транспортот во Црвеното Море, витален воден пат кој сочинува 12% од светската трговија. Хутите, бунтовничко движење во Јемен, веќе повеќе од еден месец напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море. Во телевизиско соопштение, тие ветија дека ќе се приклучат на војната на Хамас против Израел и ќе ги заштитат Палестинците, […]