Организаторите на масовните антивладини протести во Тел Авив денеска најавија дека ќе протестираат оваа сабота според планираното, и покрај терористичките напади и насилството во петокот во регионот. Но, тие се согласија со барањето на полицијата по протестот да се одложи маршот низ градските улици. Неколку стотици илјади луѓе протестираа против планот на владата на премиерот […]
Вооружени напаѓачи во Нигерија киднапирале најмалку 80 луѓе, главно жени и деца, во сојузната држава Замфара, каде што е зголемена активноста на банди кои вршат киднапирања за пари во оддалечените села, изјавија денеска очевидци. Вооружени банди во последниве години нападнаа стотици локални заедници низ северозападна Нигерија, додека исламистичките милитанти продолжуваат да вршат напади во североисточниот дел на […]
Најмалку 20 мигранти се водат како исчезнати откако нивниот брод денеска потона во близина на брегот на Тунис. Крајбрежната стража спасила 17 лица, од кои двајца се во критична состојба, изјави судијата од тунискиот крајбрежен град Сфакс, Фаузи Масмуди. Мигрантите се обиделе да стигнат до Италија со брод преку Средоземното Море. (МИА)
Еден италијански турист загина, а седум други се ранети во напад со автомобил во близина на плажа во Тел Авив во петокот (7-ми април), соопштија израелските власти. Италијанскиот министер за надворешни работи изјави дека убиениот бил италијански државјанин, Алесандро Парини. Снимката од местото на настанот покажува превртен автомобил во близина на шеталиштето и израелски полицаец […]
Тензиите меѓу Израел и Палестинците се зголемија откако еден италијански турист загина, а пет лица беа повредени во сообраќајна несреќа во Тел Авив синоќа, неколку часа откако две Израелки беа убиени во престрелка на окупираниот Западен Брег. Израелската полиција изврши серија рации на џамијата Ал Акса во Ерусалим оваа недела, што предизвика судири со Палестинците […]
Израел соопшти дека мобилизира полиција и воени резервисти за да се спротивстави на бранот палестински напади во кои загинаа три лица, вклучително и еден италијански турист, на Западниот Брег и во Тел Авив во петокот. Мобилизацијата е најавена доцна синоќа. Насилството се интензивираше на почетокот на неделата кога полицијата се судри со Палестинците во џамијата […]
Уништувањето на шумите во бразилската амазонска прашума во март било за 14 отсто поголемо отколку во март минатата година, покажуваат прелиминарните податоци што денеска ги објаве бразилската Влада. Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ја презеде функцијата на 1 јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на уништувањето на шумите по долгогодишно неконтролирано уништување на […]
Шведската полиција уапси тројца мажи и 15-годишен тинејџер под сомнение за тероризам, соопштија денеска локалните власти. Вкупно пет лица од градовите Ескилстуна, Штрангнас и Линкопинг биле уапсени, но полицијата подоцна ослободи еден од нив, јави шведската телевизија СВТ. Мажите, на возраст од 24, 25 и 29 години, наводно биле поврзани со терористичката мрежа Исламска држава […]
Белорускиот суд денеска во отсуство го осуди на 17 години затвор опозицискиот лидер и поранешен сојузник на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, Валериј Цепкало. Цепкало беше прогласен за виновен, меѓу другото, за формирање екстремистичка група, дискредитација на белоруската држава, повикување на преземање на власта во Белорусија, клевета и навреда на претседателот на државата. Врз основа […]
Неколку стотици илјади домови во Квебек и денеска се без струја, два дена откако ледена бура ја погоди источна Канада, при што загинаа две лица и предизвика голема штета, особено во Монтреал. Околу 630.000 домови денеска сè уште се во мрак, во споредба со 1,1 милион деновиве. Локалната електродистрибутивна компанија најави дека повеќето од нив до крајот на денот […]