Американското Министерство за финансии во соопшти дека го казнува Мајкрософт со 3,3 милиони долари поради кршење на санкциите. Мајкрософт ќе плати казни за повеќе од 1.300 прекршувања на санкциите наметнати од САД на Куба, Иран, Сирија и Русија. Прекршувањата вклучуваат извоз на услуги и софтвер, соопшти американското Министерство за финансии. Тие ги прекршиле санкциите во […]
Американскиот новинар Еван Гершкович, кој беше уапсен во Русија минатата недела, денеска и официјално обвинет за „шпионажа“, обвинение што тој го негира, пренесоа руските новински агенции. Како што пренесе Бета, Гершкович, дописник на „Волстрит џурнал“, кој претходно работел за АФП, е кривично гонет според член 276 од рускиот кривичен законик. На Гершкович му се заканува […]
Француската царина заплени 12 тони шверцуван тутун, односно 600.000 кутии цигари во вредност од шест милиони евра, во камион кој пристигнал од Белгија, соопштија денеска локалните власти. Шверцот со тутун стана индустријализиран во последниве години, со зголемено количество цигари што се произведуваат во Европа, особено во Полска и од неодамна во Белгија, за европскиот пазар. […]
Во последните 20 години вкупно 1.657 новинари починале како резултат на нивната работа, соопшти денеска меѓународната организација Репортери без граници (РСФ) од Германија. Повеќето од смртните случаи се предизвикани од убиства или нарачани убиства, напади, напади во воени зони или повреди, соопшти РСФ. Се додава дека 95 отсто од сите убиени професионалци биле мажи. Германскиот […]
Полицијата во Северна Ирска денеска предупреди дека вооружени дисидентски групи планираат напади за време на велигденските празници, кога ќе се одбележи 25-годишнината од мировниот договор со кој заврши тридеценискиот конфликт во тој дел на Обединетото Кралство. Полицијата соопшти дека добила разузнавачки информации за планирано насилство околу парадата во Лондондери која во понеделник ќе се одржи […]
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска вети дека „ќе ги поддржи сите напори за враќање на мирот во Украина“, се вели во заедничката изјава по завршувањето на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Кина. Кина и Франција „се спротивставуваат на вооружените напади врз нуклеарни централи и други нуклеарни постројки“ и ја поддржуваат Меѓународната агенција за […]
Протекувањето доверливи документи во кои се опишани плановите на САД и НАТО да му помогнат на Киев се чини дека е руска дезинформативна операција заради поттикнување сомнеж за планираната украинска контраофанзива, изјави денеска Михајло Подољак, политички советник на претседателот Володимир Зеленски. Подољак за Ројтерс изјави дека документите што ги објави Њујорк Тајмс содржат „многу голема […]
Американците се поделени околу кривичното гонење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, но се чини дека тоа ги зголеми неговите шанси да ја освои републиканската претседателска номинација во 2024 година, покажаа резултатите од анкетата на Ипсос. Анкетата беше спроведена вчера и завчера по локално време, откако во вторникот е објавено обвинението од 34 точки од […]
Алексеј Москаљов, Русин обвинет за дискредитација на руската војска откако неговата ќерка нацрта антивоен цртеж, е во притвор во Белорусија, јави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на руската амбасада во таа земја. ТАСС ја цитираше прес-службата на амбасадата: „Потврдуваме дека државјанинот на Руската Федерација Алексеј Москаљов е приведен на територијата на Република Белорусија. […]
Туниската национална гарда денеска соопшти дека спасила повеќе од 14.000 мигранти, главно од субсахарска Африка, во првите три месеци од оваа година. Од 1 јануари до 31 март, крајбрежната стража спасила 14.406 луѓе, од кои 13.138 од субсахарска Африка, останатите од Тунис, се вели во соопштението на Националната гарда. Речиси сите спасувања се случиле во […]