Сексизмот во Франција и понатаму е на алармантно ниво во сите области, а ситуацијата се влошува, особено за помладите жени, се наведува во официјалниот извештај на францускиот Висок совет за еднаквост меѓу мажите и жените (ХЦЕ). Во извештајот на ХЦЕ се посочува дека жените се цел на нови форми на вознемирување, вклучително и онлајн насилство, […]
Две хакерски групи поврзани со Северна Кореја, Лазарус и АПТ38, се одговорни за кражба на 100 милиони долари од американската крипто компанија Хармони, во јуни минатата година, соопшти Федералното истражно биро. Овие хакерски групи на 13 јануари користеа протокол за приватност наречен „Railgun“ за да „исперат“ повеќе од 60 милиони долари од етер криптовалутата, присвоена […]
За неколку области на Италија издадено е предупредување за екстремни временски услови, откако многу делови од земјата се погодени од студеното време, обилни дождови, дожд и силен ветер, јави италијанската агенција АНСА. Во регионите Марке и дел од Емилија Ромања, службата за цивилна заштита издаде портокалова тревога за опасно време, што е последно ниво пред […]
Европската унија денеска и одобри дополнителна воена помош на Украина во вредност од 500 милиони евра, додека Берлин е под притисок на Киев да му да испорача германски тенкови „Леопард“. Британските медиуми пренесуваат дека на денешната средба во Брисел на шефовите на дипломатиите на 27-те земји членки е постигнат договор за седмиот пакет помош, откако […]
Демонстрантите кои учествуваа на десничарските „анти-Санчез“ протести во Мадрид во саботата побараа неодложна оставка од шпанскиот премиер Педро Санчез чија Влада, според нив, е закана за демократијата и е „најлошата“ во поновата историја на Шпанија, објави „Еурактив“. На главниот плоштад во Мадрид се собраа антивладини демонстранти, според некои информации околу 500 илјади, додека податоците на […]
Јасминка Џумхур од независната меѓународна истражна комисија за Украина формирана од Обединетите нации изјави дека Комисијата регистрирала одреден број злосторства врз деца убиени со огнено оружје, но и случаи на сексуална злоупотреба и повреди на деца. „Одредени информации укажуваат на префрлање деца од територијата на Украина на територија на Русија, каде што се уште се […]
Европска комисија денеска го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска. Портпаролот на ЕК истакна дека очекува шведските власти да ги преземат неопходните мерки во овој случај. – Ваквите постапки се некомпатибилни со вредностите на кои е заснована ЕУ. Претходно изјавивме дека расизмот, ксенофобијата, омразата заснована на вера, раса и боја на […]
Машина за чистење снег усмрти 33-годишна жена во Жабљак. Несреќата се случила во центарот на градот. Според „Вијести“ од Подгорица, со машината за чистење снег управувал Н.П. Истрагата е во тек.
Полска ќе поднесе барање за дозвола од германската влада за испорака на борбени тенкови „Леопард“ од германско производство на Украина, најави премиерот Матеуш Моравјецки. „Ќе побараме такво одобрение, но ова е секундарно прашање“, рече Моравјецки во Познан, западна Полска. Дури и ако Полска на крајот не добие одобрение од Берлин, рече тој, тие сакаа да […]
Авион со 192 патници и членови на екипажот што од полскиот град Катовице патувал кон Атина, вчера попладне на атинскиот авион слетал во придружба на воени авиони, откако постоело инфомрација за бомба, објавија грчките медиуми. По добиената инфомрација за евентуалното постоење на експлозивен механиза, веднаш бил активиран специјаниот безбедносен протокол. Авионот на компанијата „Рајанер“ безбедно […]