Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужен Синџан во Кина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа јавува дека во земјотресот нема повредени и не е причинета значителна материјална штета. Земјотресот се случи на длабочина од 33 километри во 7:49 часот по локално време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки […]
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека коронавирусот продолжува да претставува вонредна меѓународна јавно здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на оваа агенција ма Обединетите нации. Пандемијата е веројатно во „преодна точка“, па затоа се уште бара внимателно управување за „ублажување на потенцијалните негативни последици“, се наведува во соопштението на СЗО. СЗО пред […]
Во првата половина на оваа година, НАСА ќе го избере екипажот од четири лица за својата програма „Артемис“ за праќање на астронаути на Месечината, првпат по 50 години. Закажана за 2024 година, „Артемис 2“ ќе биде првата мисија на програмата, со цел заобиколување на Месечината со летало и посада, летајќи подалеку во вселената од кој […]
Авион Ф-4 фантом на грчката воена морнарица, утрово паднал во Јонското море, а во тек е потрага по двајцата пилоти, објавија грчките медиуми. Според новинската агенција АНА-МПА, авионот што полетал во 10.15 часот утрово од градот Андравида во северозападниот дел на Пелопонез, се урнал во морето за време на едукативен лет. (МИА) Фото: АНА-МПА
Најмалку 90 лица се повредени во денешната експлозија во џамија во северозападниот пакистански град Пешавар, соопшти локалната полиција. Експлозијата се случила во џамија каде што голем број луѓе се собрале на молитва, изјави полицискиот претставник Сикандар Кан. – Дел од зградата се урнал и се верува дека неколку луѓе се под неа, додаде тој. Мухамед […]
Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин му се заканувал со ракетен напад во текот на вонреден телефонски разговор пред рускиот напад врз Украина во февруари минатата година. Џонсон, во документарец на Би-Би-Си за разговорите на Путин со светските лидери, рече дека Путин му рекол дека таков ракетен […]
Новиот терминал 1 на Меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, САД, наскоро делумно ќе се напојува најголемата мрежа кровни сончеви панели во градот, објави „Бизнис инсајдер“ (Business Insider). Откако ќе биде завршен, новиот енергетски систем ќе се состои од повеќе од 13.000 соларни панели, што го прави најголемиот во Њујорк и на кој било […]
Проектил вчера погоди станбена зграда во украинскиот град Харков, при што загина едно лице, соопшти регионалниот гувернер Олех Синехубов. „Според ажурираните информации, едно лице загинало како последица на удар на руска ракета во станбена зграда“, напиша Синехубов на Телеграм. Засега нема информации колку лица се повредени. Службите за итна помош се на терен, за кои […]
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговата земја нема да испраќа борбени авиони во Украина, во момент кога Киев бара од Западот што повеќе оружје за да се спротивстави на руската инвазија. По неколку недели двоумење, Берлин минатата недела одлучи да испрати 14 тенкови „Леопард 2“, од германско производство, во Украина и да им дозволи […]
Украинскиот премиер Денис Шмигал има двегодишен графикон за обезбедување на членството на неговата земја во ЕУ, што сигурно ќе доминира во дискусиите на овонеделниот историски самит ЕУ-Украина – првиот што ќе се одржи на украинска територија, објави Политико. Според изданието, никој во ЕУ не мисли дека тоа е реално. Еврокомесарите ќе отпатуваат за Киев подоцна […]