Украинската влада им забрани на своите високи функционери и пратеници, вклучително и жени, да одат на одмор во странство за време на руската инвазија, поради неодамнешните скандали со украински функционери. „Одлуката на украинската влада веќе стапи на сила“, изјави портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко, додавајќи дека службениците можат да заминат во странство како […]
Украинското претседателство го обвини денеска Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека е „промотор на војната“, бидејќи разгледува можност да им дозволи на руските спортисти да настапат на Олимписките игри 2024. под неутрално обележја. „МОК е промотор на војната, убиствата и разурнувањата. МОК среќно гледа како Русија ја уништува Украина, а потоа ѝ нуди на Русија платформа […]
Бројот на загинатите во денешниот бомбашки напад врз џамија во полициски комплекс во пакистанскиот град Пешавар се искачи на најмалку 44, соопштија официјални лица, додавајќи дека повеќе од 150 луѓе се ранети. Нападот што е еден од најсмртоносните против пакистанските безбедносни сили последните години, го изврши бомбаш-самоубиец, при што од детонацијата на експлозивот се урнал […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Тел Авив ги повика Израел и Палестинците да ги смират тензиите и повтори дека одамна блокираната визија за мир е „единствениот пат“ напред. – Одговорност на сите е да преземе чекори за смирување на тензиите, а не да ги разгоруваме, истакна Блинкен. Тој наведе дека минатонеделниот напад врз […]
Новата американска амбасадорка во Русија, Лин Трејси, особено внимание ќе посвети на одржувањето на дијалогот меѓу Вашингтон и Москва и односот меѓу народите на двете земји, соопшти Американската амбасада во Москва по средбата одржана денеска во Министерството за надворешни работи на Русија. Амбасадата преку својот Телеграм канал појаснува дека амбасадорката Лин Трејси денеска ја имала […]
Европската унија и Советот на Европа ќе продолжат заедно да работат за да им помогнат на земјите кандидати и потенцијални кандидати да постигнат опиплив напредок во нивниот севкупен реформски процес кон исполнување на критериумите за членство во ЕУ, се вели во документот објавен денеска од Советот на ЕУ. „Нашите заеднички програми во регионите на проширување […]
Раководството на водечката германска опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денеска едногласно усвои резолуција со која го повикува поранешниот директор на разузнавачката агенција Ханс-Георг Масен да ја напушти партијата, по неговиот контроверзен коментар. Во 2018 година Масен беше разрешен од функцијата шеф на разузнавачката агенција (BfW), откако го минимизира десничарското насилство врз мигрантите во источниот град […]
Речиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники за да ги наведат потрошувачите да донесуваат одлуки што не се во нивен најдобар интерес, покажува истражувањето спроведено од Комисијата и националните органи за заштита на потрошувачите од 23 земји-членки на ЕУ, како и Норвешка и Исланд. „Нашето истражување покажа дека речиси 40 отсто од онлајн-продавниците се […]
Посетете ја Венеција пред да почне да се наплаќа влез. Во првата половина на 2023 година, вклучително и периодот на познатиот венецијански карневал од 4 до 21 февруари, нема да треба да се плаќа за влез во градот. Властите за шест месеци ја одложија одлуката за наплата на влезници. Според претходно планираното, мерката требаше да […]
Бројот на лица кои аплицирале за азил во Холандија минатата година драстично се зголемил. Во 2022 година поднесени се 35.535 барања за азил, што е најголема бројка од 2015 година, објави „NL Times“. Во однос на 2021 година, бројот на барања е зголемен за 43,6 отсто. Барањата за азил се во благ пораст од септември. Според податоците на холандската агенција за статистика (CBS), најмногу баратели на азил […]