Украинската влада со забрана: Функционерите нема да одат на одмор во странство за време на руската инвазија

Украинската влада им забрани на своите високи функционери и пратеници, вклучително и жени, да одат на одмор во странство за време на руската инвазија, поради неодамнешните скандали со украински функционери.

„Одлуката на украинската влада веќе стапи на сила“, изјави портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко, додавајќи дека службениците можат да заминат во странство како дел од официјална мисија.

Веднаш по почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, Украина им забрани на мажите на возраст 18-60 да патуваат во странство, освен во ретки исклучоци за кои е потребна дозвола од претпоставените на државните службеници.

„Со новата одлука, високи функционери ќе можат да одат на одмор во странство само доколку се во посета на своите деца или во случај на лекување или смрт на некој близок“, рече Демченко.

Забраната важи и за сопруги на високи државни службеници, како и за пратеници и локални функционери.

Одлуката е донесена откако медиумите објавија дека помошникот државен обвинител неодамна заминал на одмор во Шпанија. Алексеј Симоненко беше сменет од функцијата на 25 јануари, како дел од серијата отпуштања што ги започна претседателот Володимир Зеленски по случаите на корупција кои вклучуваат воени материјали.

На 26 јануари, членот на претседателската партија Микола Тиченко беше исклучен од пратеничката група на претседателската партија по патувањето во Тајланд.

Минатата недела медиумите ја обвинија поранешната премиерка Јулија Тимошенко дека го поминала својот одмор во луксузна вила во Обединетите Арапски Емирати.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *