Брисел: Речиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники

Речиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники за да ги наведат потрошувачите да донесуваат одлуки што не се во нивен најдобар интерес, покажува истражувањето спроведено од Комисијата и националните органи за заштита на потрошувачите од 23 земји-членки на ЕУ, како и Норвешка и Исланд.

„Нашето истражување покажа дека речиси 40 отсто од онлајн-продавниците се потпираат врз различни манипулации со цел да ги измамат потрошувачите или да ги искористат нивните слаби точки. Таквиот пристап е отворено против заштитата на потрошувачите и неточен“, рече комесарот за правда, Дидие Рејндерс.

Тој додава дека земјите-членки имаат сигурни алатки што можат да се користат за решавање на таквите проблеми и ги повика националните власти да ги искористат своите овластувања и да преземат мерки против таквите практики.

Истражувањето опфатило 399 онлајн-продавници кои нудат различни производи, од текстил до електроника, со особено внимание во анализата посветено на таканаречените „форми на заблуда“.

Станува збор за три типа манипулативни техники што се користат за да се поттикнат потрошувачите да донесуваат одлуки кои можеби не се во нивен најдобар интерес. Првата техника е т.н. лажно одбројување, што имплицира дека има рок за купување на некои производи, практика регистрирана кај 42 онлајн продавници.

Втората манипулативна техника забележана кај 54 онлајн продавници, се состои во насочување на потрошувачите кон некои одлуки – од претплати до поскапи производи или поскапа испорака – користејќи техники како визуелен дизајн и избор на фрази.

Третата манипулативна техника регистирана во 70 онлајн продавници, е целосно или делумно криење важни информации како што се трошоците за испорака, составот на производите и постоењето поевтини селекции. Кај 23 продавници е забележано прикривање информации за да се поттикнат потрошувачите да се согласат на претплата.

Истражувањето опфати 102 апликации на онлајн-продавници, а кај 27 од нив е откриен барем еден од манипулативните образци.

Комисијата наведува дека националните власти на земјите-членки ќе контактираат со трговците каде што се откриени манипулативни практики и ќе побараат од нив да ги отстранат проблемите на нивните веб-страници. Доколку има потреба ќе преземат дополнителни мерки согласно националните процедури.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *