Новата амбасадорка на САД во Русија ќе посвети особено внимание на односите меѓу народите на двете држави

Новата американска амбасадорка во Русија, Лин Трејси, особено внимание ќе посвети на одржувањето на дијалогот меѓу Вашингтон и Москва и односот меѓу народите на двете земји, соопшти Американската амбасада во Москва по средбата одржана денеска во Министерството за надворешни работи на Русија.

Амбасадата преку својот Телеграм канал појаснува дека амбасадорката Лин Трејси денеска ја имала првата средба во Министерството за надворешни работи на Русија, каде што се сретнала со заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Амбасадорката Трејси посветува посебно внимание на одржувањето на дијалогот меѓу главните градови на нашите земји во период на невидена тензија, заштитата на интересите на американските граѓани притворени во Русија, како и одржувањето на врските меѓу американскиот и рускиот народ“, додаваат од Амбасадата.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *