Штрајковите во Велика Британија ќе се интензивираат, бидејќи наставниците се подготвуваат да прекинат со работа, пишува „Сандеј тајмс“, а медицинските сестри предупредуваат дека би можеле во феруари да штрајкуваат во двојно поголем број. Владата на британскиот премиер Риши Сунак, која ги одредува платите во здравствениот и образовниот сектор, веќе се занимава со штрајкови во железницата […]
Околу 70 полицајци се повредени во судирите со илјадници демонстранти за заштита на животната средина кои се спротивставија на проширувањето на рудник за јаглен во западна Германија, соопшти денеска германската полиција. Околу 15.000 демонстранти, според полицијата, или 35.000 според организаторите, меѓу кои беше и шведската еколошка активистка Грета Тунберг, вчера протестираа против проширувањето на отворениот […]
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја погоди Турција, соопшти денеска Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил во 4 часот и 36 минути, а епицентарот бил на 25 километри јужно од градот Елазиг, на длабочина од два километри. Засега нема извештаи за штети.
Најмалку 40 лица загинаа утрово кога авион со 72 лица, меѓу кои 10 странски државјани, се урна во близина на градот Покара во западниот дел на Непал, соопштија портпаролите на армијата и аеродромот. Стотици спасувачи продолжуваат да го пребаруваат ридското место на несреќата, каде што се урна авионот на Јети ерлајнс од главниот град Катманду. […]
Авион со 72 патници се урна на аеродромот Похара во централниот дел на Непал. Досега се пронајдени 32 тела на загинатите, соопштија властите. Авионот на Јети ерлајнс летал од Катманду до Похара. Се урна при слетувањето, а потоа се запали. Во авионот имало 68 патници, од кои 10 странски државјани и четворица членови на екипажот, […]
Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш и пензионираниот генерал Петр Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка, што ќе се одржи на 27 и 28 јануари Во првиот круг од претседателските избори Бабиш освои 36,72 отсто од гласовите, Павел 33,73 отсто, додека трета беше економистката Дануше Нерудова со 13,79 отсто по пребројани 80 […]
Регионот на Киев денеска беше нападнат со проектили од север кои се движеа по балистичка траекторија, изјави денеска за украинскиот канал 24 портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Игнат. Коментирајќи го утринскиот ракетен напад врз регионот на Киев, Игнат рече дека се уште се утврдува точниот тип ракета, но дека најверојатно летала по балистичка траекторија […]
Иранско-британскиот државјанин Алиреза Акбари е погубен откако беше осуден на смрт за шпионажа, објави денеска државната новинска агенција Мизан, цитирана од светските агенции. Иранските државни медиуми претходно објавија дека Акбари е осуден на смрт под обвинение за шпионирање за Велика Британија, а Врховниот суд ја одбил неговата жалба. Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли […]
Победата на Украина, која беше нападната од Русија, е егзистенцијално прашање за Европа и за ЕУ нема поголем приоритет од тоа, изјави денеска Улф Кристерсон, премиер на Шведска, која го презеде претседавањето со ЕУ на 1 јануари. – Украинската победа има егзистенцијално значење за Европа, нема поголем приоритет од Украина. Судбината на Украина е и […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден на 7 февруари пред Конгресот на САД ќе има традиционално обраќање за состојбата на нацијата и општата политика. Во согласност со традицијата, претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Кевин Мекарти, денеска со писмо го покани Бајден да се обрати на заедничката седница на двата дома на Конгресот. Прес секретарот […]