Јапонија денеска успешно лансираше ракета во вселената, која нoси сателит наменет за собирање информации за движењата на воените објекти во Северна Кореја и за подобрување на одговорот на природни катастрофи. – Ракетата Х-2 A лансирана од компанијата „Мицубиши хеви индустрис“ (Mitsubishi Heavy Industries) успешно го напушти космодромот Танегашима, југозападна Јапонија, носејќи го сателитот ИГС-Радар 7, […]
По израелскиот воен напад во окупираниот Западен Брег во кој беа убиени девет Палестинци, палестинските власти денеска соопштија дека ќе ја прекинат безбедносната соработка со Израел Двете страни одржуваа безбедносни врски во заеднички напор да се спротивстават на исламските екстремисти, а прекинот на таквите врски поттикна стравувања дека нападите на екстремистичките организации можеби нема да […]
Украина сега ќе бара борбени авиони од четвртата генерација, како американскиот Ф-16, откако ќе обезбеди борбени тенкови, изјави Јуриј Сак, советник на украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. Украина вчера доби големо засилување на своите сили кога Германија и САД објавија дека ќе испратат тенкови во Киев, ставајќи крај на неколкунеделниот дипломатски застој околу ова […]
Повеќе од 500 лица починале од колера на Хаити, откако во октомври 2022 година болеста се прошири на ова аостровска земја, соопшти локалниот сајт „Хаити Либре“. Според податоците на сајтот, лекарите држат под опсервација приближно 22.000 лица, а потврдено е дека 1.900 се заразени. Хаити, земја со околу 10,6 милиони жители, е најсиромашната земја на […]
Единаесет лица загинаа, а 11 други се ранети денеска во големиот руски ракетен напад врз Украина, што се случи еден ден откако Германија и САД се договорија да испратат тенкови во Украина, соопштија украинските власти. Врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Жалузни изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила 47 од 55 руски проектили, а […]
Новиот германски министер за одбрана, Борис Писториус, смета дека приоритет за земјата е брзото снабдување со опрема и оружје за Бундесверот, јави ДПА. -Целта мора да биде да имаме побрзи, одржливи и проодни патишта и време за надополнување. Тоа мора да биде остварливо, рече денеска Писториус за време на неговата прва посета на војниците во […]
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека е „бесмислено“ да се одржи трилатерален состанок со Шведска и Финска за да се разгледаат нивните кандидатури за НАТО по протестите овој месец во Стокхолм. На прес-конференција Чавушоглу рече дека нема предлог за одвоено разгледување на кандидатурите на Шведска и Финска. Шведскиот премиер Улф Кристершон […]
Француската министерка за надворешни работи Катрин Колона денеска пристигна во Одеса, на југозападот на Украина, со цел да ја изрази поддршката на Франција за Украина пред првата годишнина од руската инвазија. „Во Одеса! За да ја одбележиме поддршката на Франција за суверенитетот на Украина, сега како и досега“, напиша Колона на Твитер. На денот на […]
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на денешната владина седница најави дека Црна Гора покренува своја вселенска програма. -Црна Гора покренува своја вселенска програма и започнува со развој на сателитот Луча кој треба да биде лансиран во вселената. Ова ќе биде финансирано од Фондот за иновации. Не се работи за големи средства, меѓутоа бара многу работа. Но, Црна […]
Италијанската полиција рано изутринава во низа координирани акции уапси 56 лица, поради поврзаност со озлогласената мафијашка група „Ндрангета“ и заплени имот во вредност од околу 250 милиони евра. Обвиненијата со кои се соочуваат осомничените вклучуваат изнуда, киднапирање, трговија со оружје, корупција и измама… Франческо Месина, централниот директор на Одделот за криминал на Националната полиција, рече […]