Новиот германски министер за одбрана, Борис Писториус, смета дека приоритет за земјата е брзото снабдување со опрема и оружје за Бундесверот, јави ДПА.
-Целта мора да биде да имаме побрзи, одржливи и проодни патишта и време за надополнување. Тоа мора да биде остварливо, рече денеска Писториус за време на неговата прва посета на војниците во областа за обука Алтенграбоу, во источната покраина Саксонија-Анхалт.
Мора да постои заедничка безбедност во планирањето. Политиката мора да се грижи за нарачките, рече тој, додека индустријата е одговорна за времето на испорака, пренесе германската агенција.
-Тоа мора заеднички да се собере. И ако тоа значи дека треба да се изградат повеќе производствени ресурси во Германија и во Европа, тогаш тоа треба да се направи, рече Писториус.