Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ризикот од ширење на војна меѓу Украина и Русија е „секојдневна можност“ поради лидерите на западните земји кои, според него, даваат простор на провоени наративи. Во интервју за јавното радио, Орбан ја повика Европа да „се сврти и да се движи кон мир, а не кон војна“, објави МТИ. […]
Жолти временски предупредувања се издадени за делови од Англија и Велс поради обилни врнежи од дожд донесени од бурата Клаудија. Метеоролошката служба предупредува на можност за поплави, а во некои области се очекуваат до 150 милиметри дожд, пишува Скај њуз. Предупредувањето е на сила од пладне до крајот на денот и опфаќа делови од Велс, […]
Во изминатите 24 часа во УКЦ Тузла починале уште двајца пациенти кои ги задобиле повредите во пожарот во Домот за пензионери во Тузла. Како што изјави Ерсија Ашчериќ Мујединовиќ, портпаролка на УКЦ Тузла, моментално на хоспитализација се наоѓаат пет пациенти. „На Клиниката за анестезиологија и реаниматологија моментално се хоспитализирани двајца пациенти, од кои еден е […]
Кипар денес беше погоден од земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил 44 километри западно од Лимасол и 13 километри источно од Пафос, на длабочина од 17 километри. Засега нема информации за повредени лица или за предизвикана материјална штета. Како што пишува „Сајпрус Тајмс“, луѓето на островот […]
Долниот дом на казахстанскиот парламент денес усвои закон со кој се забранува ЛГБТ пропагандата на интернет или во медиумите, кој предвидува парични казни и до 10 дена затвор за повторени прекршители. Законот, кој наликува на прописите усвоени во земји како Русија, Грузија и Унгарија, сега ќе биде доставен до Сенатот на Казахстан, каде што веројатно […]
Најмалку 37 лица загинаа, а неколку други се повредени откако автобус на долги релации излета од патот и падна во клисура во трагична несреќа во регионот Арекипа во јужен Перу. Несреќата се случила на 780-тиот километар од Панамериканскиот автопат, во округот Окоња, во покраината Камања. Автобусот вклучен во несреќата е на транспортната компанија Љамозас и тргнал претходната ноќ од градот […]
Се претпоставува дека 42 лица загинале при потонувањето на гумен чамец што превезувал десетици мигранти покрај либискиот брег, соопшти денес Агенцијата на ОН за миграција (ИОМ), додавајќи дека седум лица се спасени. „На 8 ноември, либиските власти спроведоа операција за пребарување и спасување по потонувањето на гумен чамец“, кој превезуваше 49 мигранти, 47 мажи и […]
Израелскиот претседател Исак Херцог доби писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое го поканува да ја разгледа идејата за помилување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти денеска неговиот кабинет. Во текот на неколку години имаше три одделни судења против Нетанјаху поради наводна корупција, а Трамп постојано бараше негово помилување. „Иако апсолутно ја почитувам независноста на […]
Тајван ги евакуираше крајбрежните и планинските области каде што се евакуирани повеќе од 8.300 луѓе и се затворени училиштата пред тропската бура што го погоди јужниот дел од островот. Фунг-вонг имаше сила на супертајфун кога ги погоди Филипините во неделата, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето, прекини во електричната енергија и најмалку 27 смртни случаи. Сега […]
Аеродромот во близина на градот Ивата, во Јапонија, беше затворен на одредено време. Причината е мечка забележана во близина на пистата ан аеродромот „Ивате Ханамаки“ кратко по 13 часот по локално време во среда. Дојдовните и полетувачките летови беа обновени во 14:30 часот откако службениците на аеродромот потврдија дека повеќе нема безбедносна закана. Во Јапонија […]