Две лица загинаа, а уште седум се повредени денес во израелски воздушни напади врз Либан, пренесуваат извори од таа земја. Два напади се случиле во период на нови офанзиви на Израел, кој тврди дека гаѓа цели на либанското движење Хезболах. Во еден од нападите израелски дрон погодил возило на патницата во јгоисточниот дел на Либан, […]
Три жени, на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористички заговор и планирање напади во Париз, објавија денес истражителите. Како што е наведено, тие планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз неколку недели, објавува порталот RTL. Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на […]
Полските пратеници гласаа за одземање на имунитетот на поранешниот министер за правда Збигњев Зиобр, со што се даде зелено светло за негово апсење, пишува Политико денес. Зиобро, кој беше министер за правда во две администрации предводени од Пис, е клучна фигура во истрагата за тоа како и зошто претходната влада го купила софтверот Пегасус за […]
„Бритиш ервејс“ постигна договор со сателитската мрежа „Старлинк“ на Илон Маск за обезбедување бесплатен Wi-Fi во своите авиони од следната година. Овој договор е дел од дигиталната трансформација на британската авиокомпанија вредна 7,9 милијарди евра, објавува „Јуровикли“. Најавениот договор е дел од стратегијата на матичната компанија „Интернешнл ерлајнс груп“ (IAG), во која покрај „Бритиш ервејс“ […]
Англија моментално се соочува со најлошата суша во последните децении, што ги принудува владата и компаниите за водоснабдување да планираат мерки за зачувување на водните ресурси, соопштија официјални лица. Според менаџерите на големите компании за водоснабдување, долгорочните прогнози на Метеоролошката служба укажуваат на пад на количината на врнежи под просекот, што би можело да бара […]
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи можен компромис за прекин на блокадата на работата на федералната администрација, повикувајќи ги републиканците државните средства, кои во моментов одат за здравствено осигурување, да ги насочат директно кон американските граѓани. „Предлагам на републиканците од Сенатот стотици милијарди долари, кои моментално се испраќаат на осигурителни компании за да се спаси […]
Речиси еден милион луѓе се евакуирани на Филипините пред доаѓањето на супертајфунот Фунг-вонг, кој предизвикува силни ветрови и поплави во некои делови од земјата, објавија денес тамошните власти. Досега се евакуирани 916.863 луѓе, изјави висок функционер за цивилна одбрана Рафаелито Алехандро во обраќањето пред новинарите. Од ноќта кон понеделник се очекуваат налети на ветер што […]
Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на владата, објавија американските медиуми. Досега, 754 летови се откажани низ целата земја, а вкупниот број би можел да ја надмине бројката од петокот […]
Над 50 луѓе беа повредени и хоспитализирани по експлозијата во петокот за време на молитвата во џамија во образовен комплекс во индонезиската престолнина, соопшти полицијата. Властите ја истражуваат причината за експлозијата во Келапа Гадинг, северно од Џакарта, изјави началникот на полицијата Асеп Еди Сухер. Педесет и четири лица се хоспитализирани, рече Сухер, додавајќи дека повредите […]
Повеќе од 1.400 граѓани од триесет и четири африкански земји се борат заедно со руските сили во Украина, изјави украинскиот министер за надворешни работи. Украинските власти велат дека Русија се обидела да ги зајакне силите што го напаѓаат својот сосед со регрутирање борци од различни земји, понекогаш и тајно. Андреј Сибиха рече дека Русија ги […]