Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов го повика во средата Вашингтон да престане со „непријателските“ летови во близина на руските граници, откако беше повикан во американскиот Стејт департмент и му беше вложен протест поради инцидентот во вторникот кога американско беспилотно летало по пресретнување на руски ловци падна во Црното Море близу Кримскиот полуостров. „Поаѓаме од […]
Компанијата „Amazon.com“ во сопственост на Џеф Безос, соопшти дека планира да ги лансира своите први интернет сателити во вселената во првата половина на 2024 година и наскоро потоа ќе им понуди првични комерцијални тестови на корисниците. Компанијата се подготвува да се натпреварува со SpaceX на Илон Маск и други во обезбедување услуги на широкопојасен интернет […]
Во свлечиште, предизвикано од силен дожд, загинаа две лица, соопшти официјален претставник, пренесе ДПА. Други четворица се водат за исчезнати откако земјиштето затрупа шест куќи во Богор, град на околу 60 километри јужно од Џакарта, наведе шефот на локалната агенција за управување со катастрофи, Теофило Патрисио Фреитас. Фреитас, кажа дека лизгањето на земјиштето било предизвикано од […]
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека нема да ги посети Русија или Украина поради тековната војна, но дека сепак се залага за мирно решение на конфликтот. Левичарскиот лидер на настан во главниот град Бразилија рече дека конфликтот предизвикан од руската инвазија на Украина денес би требало да биде незамислив. – Во 21 […]
Европската Унија ги повика земјите-членки да депортираат повеќе мигранти кои илегално ги преминуваат нејзините граници и кои немаат право да останат. -Минатата година стапката на враќање на лицата кои немаа право на престој беше само 21 процент. Неуспехот да се вратат луѓето го успорува нашиот систем и ја поткопува довербата во него, рече комесарката за […]
Стотици илјадници Израелци излегоа на улиците низ земјата изминатиов викенд, во она што беше опишано како најголемите протести во историјата на Израел. Протестите беа организирани поради плановите на израелската влада да ги ограничи овластувањата на Врховниот суд, за кои критичарите велат дека ја поткопуваат независноста на судството и ја загрозуваат демократијата. Бранејќи ги плановите на […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера смени тројца регионални гувернери, вклучувајќи го и шефот на Луганск, каде што се водат жестоки борби. Одлуката за разрешувањето на локалните функционери беше објавена на каналот Телеграм од страна на владин претставник во украинскиот Парламент, но тој не ги наведе причините за разрешувањата. Гувернерот на Луганск, Серхиј Хајдај, често ги […]
Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска пристигна во Москва во својата прва официјална посета надвор од Блискиот Исток по разорниот земјотрес, јавија светските медиуми, повикувајќи се на соопштение од канцеларијата на Асад на Телеграм. Асад во рамки на посетата ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Тој е придружуван од голема делегација сириски министри. Во […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска потпиша указ со кој се наложуваат посеопфатни проверки на луѓето кои сакаат да купат оружје, како и побезбедно складирање на огненото оружје. Со претседателскиот декрет се обврзуваат американските служби за спроведување на редот и законот да обезбедат максимално спроведување на законите за контрола на вооружувањето кои минатото лето ги поддржаа […]
Руски авион ловец Су-27 се судри со американски дрон MQ-9 Reaper денеска над Црното Море, соопшти Европската команда на американската војска. „Нашиот MQ-9 вршеше рутински операции во меѓународниот воздушен простор кога беше пресретнат и погоден од руски авион, што резултираше со пад и целосно губење на MQ-9. Овој небезбеден и непрофесионален чин на Русите за малку […]