Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично и во името на сите кои со години владееја со државата. Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи […]
Секој кој илегално ќе влезе во Велика Британија ќе биде спречен да остане, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак. Во интервју објавено во весникот „Мејл oн сандеј“, Сунак рече дека очекува следната недела да биде усвоен нов закон за регулирање на ова прашање. Под притисок на законодавците да се најде решение за мигрантите кои илегално […]
Четири деца загинаа денеска во пожар во станбена зграда во Нови Пазар. Дежурниот хирург на Општата болница во Нови Пазар, Шефќет Хајровиќ изјави дека родителите на децата кои загинаа во пожарот што се случил изутрината се хоспитализирани и дека животот на таткото е во опасност. Тој за новинарите изјави дека поради сериозноста на повредите, таткото […]
Со одлука на Владата денешниот ден во Албанија е ден на национална жалост во знак на почит за жртвите во железничката несреќа во Грција. На сите државни институции, како и на албанските дипломатските претставништва во светот, знамето е спуштено на половина копје, објави на Фејсбук премиерот Еди Рама. – Трагедијата на Грција е и наша […]
Најмалку 21 лице е повредено вчера во несреќа на француските Алпи кога автобус со деца се превртел и низ падина и паднал во поток. Во автобусот се превезувале 40 основци. Возачот и совозачот се најтешко повредени, додека 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјави Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде […]
Во населбата Јалија во Нови Пазар, четири деца на возраст од шест месеци до пет години загинаа во пожар што избувна во нивниот стан. Пожарот избувнал утринава околу 07 часот, а на местото веднаш пристигнале противпожарната служба, брзата помош и полицијата. Според неофицијални информации на белградските медиуми, во станот биле пронајдени мртви четирите деца. Еуроњуз […]
Автобус со деца се преврте на француските Алпи, при што се повредени најмалку 21 лице. Според информациите возилото превртело по падина и завршило во поток. Во автобусот се превезувале 40 ученици од основно образование. Најтешко повредени се возачот и сопатникот, а 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјавил Фабиен Мулик, градоначалник […]
Индонезиските спасувачи и пожарникари денеска трагаат по 16 лица кои се водат како исчезнати под урнатините на јагленисани куќи и згради, откако во големиот пожар што синоќа се прошири од складиште за гориво во Џакарта загинаа најмалку 18 лица, а 40 се повредени, од кои некои се во критична состојба. Шефот на индонезиската полиција Листјо […]
Руската Федерација и нејзиното раководство мора да одговараат за злосторствата извршени во Украина, истакнува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во соопштение за формирањето Меѓународен центар за кривично гонење на злосторствата во агресијата против Украина, објавено денеска на веб-страницата на Делегацијата на ЕУ во Украина. Според неа, руската инвазија и донела неописливо страдање […]
Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц ја потврдија својата посветеност да ја поддржат Украина, јави ДПА. Агенцијата забележува дека двајцата, кои се меѓу најблиските сојузници на Киев, разговарале за војната за време на приватна средба во Белата куќа. Тоа беше втора посета на германскиот канцелар Шолц на Белата куќа во речиси 15 […]