Речиси четвртина од германското население има мигрантско потекло, објави денеска заводот за статистика. „Деветнаесет милиони или 23 отсто од германското население се или доселеници или двајцата родители им се доселиле во Германија“, се наведува во извештајот.. Од нив, 14,2 милиони или 17,3 отсто се луѓе кои се доселиле во Германија од друга земја по 1950 […]
Словенија со четврто место и Хрватска со петто место се рангирани меѓу петте земји во Европа со најдобри услови за живот, објави сајтот „Croatia Week“. Анкетата ја спроведе блогот „My Dolce Casa“, кој објавува материјали за патување, преселување, живеење и пензионирање во различни земји. Нејзиното рангирање вклучува 15 европски земји кои нудат комбинација на висок […]
Бројот на загинати во железничка несреќа во Грција се искачи на 57, потврди за Би-Би-Си патологот Елени Загелиду. Во истрагата учествуваат вкупно десет вештаци. Железничарите денеска почнаа еднодневен штрајк ширум Грција, а во исто време гневот на јавноста расте. Граѓаните организираа протести во Атина, Солун и Лариса, во близина на местото на несреќата. Штрајкот на […]
Романскиот премиер Николае Чука го претстави својот „нов почесен советник“ во својот кабинет – помошник со вештачка интелигенција. Главната задача на помошникот, именуван како Јон, ќе биде да ги анализира социјалните мрежи и да ја информира владата во реално време за предлозите и желбите на Романците. Чука, претставувајќи го својот нов советник на седница на […]
Најмалку 43 лица загинаа, а 130 се повредени кога патнички воз на релација Атина-Солун се судри со товарен воз во близина на градот Лариса во централна Грција. Земјата прогласи тридневна жалост за најтешката железничка несреќа во последните децении. Спасувачките екипи се’ уште се на терен и ги пребаруваат вагоните, бидејќи се стравува дека на местото […]
Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот во Турција доколку не се преземат итни санитарни мерки, предупредуваат лекарите во земјата, пренесува „Хуриет дејли њуз“. Во земјотресот во Турција загинаа над 45 илјади лица, а милиони се погодени од катастрофата. Проф. д-р Ајлем Улаш Саз, член на Катедрата за педијатрија на Егејскиот […]
Од грчката опозициска партија СИРИЗА упатуваат апел до надлежните да ја објават „вистинската слика за обемот на трагедијата“ и коментираат дека сѐ уште е непознат бројот на исчезнати по железничката несреќа кај Темпи во вторникот навечер. -Речиси два дена по трагедијата кај Темпи и уште нема официјално соопштение за бројот на лица кои се сметаат за […]
Шефот на станицата направил повеќе од една грешка поради кои дојде до судир на возови во вторникот вечерта, што резултира со 46 смртни случаи и десетици повредени. Според информациите од грчката полиција, шефот на станицата во Лариса цели 5,5 километри го гледал патничкиот воз како се движи во погрешен правец и не ги користел технолошките […]
Ученици од неколку училишта во различни делови на Грција одбраа на свој начин, преку пораки „испишани“ со помош на нивните ранци, да изразат поддршка, но и протест за железничката несреќа со најмалку 46 жртви. Во пораките на учениците преовладува фразата „Пиши кога ќе стигнеш“ која по трагедијата е актуелна на социјалните мрежи во Грција по […]
Вознемиреноста на роднините и пријателите е огромна за лицата кои се наоѓале во кобниот воз кој во Лариса се судри со товарен воз. Меѓу нив е и 20-годишниот Анастасиос Куцопулос од Кардица. „Немаме вести од него, чекаме да го слушнеме. Знаеме дека дефинитивно не беше во првиот вагон“, изјави за АНТ1 неговата девојка Мариета Александрис […]