Курти: Договорот е де факто признавање од Србија

„Де факто“ признавање на Косово од Србија. Вака косовскиот премиер Албин Курти го оценува непотпишаниот договор во Охрид за што го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ. Курти рече дека сега останува на ЕУ да најде механизми за да ја принуди Србија да го потпише договорот.

„Основниот договор е де факто меѓусебно признавање. Значи, ова е признавање меѓу Косово и Србија. Србија, исто како и на последната средба во Брисел, го избегна потпишувањето на Договорот и сега на анексот. Останува на ЕУ да најде механизам договорот да го направи правно и меѓународно обврзувачки“, рече Албин Курти, премиер на Косово.

На прашањето дали ќе дозволи формирање на Асоцијацијата, Курти рече дека станува збор за „адекватно ниво на само- менаџирање на српската заедница“, а не за самоуправа.

„Тоа не е самоуправа, туку само- менаџирање, второ, јас сум премиер на сите граѓани, затоа се обврзувам не само за Албанците, туку и за Србите и другите малцинства. Во овој аспект има параграф кој зборува за соодветно ниво на само- менаџирање на српската не- мнозинска заедница или на српското малцинство во Косово, секако дека ќе се водиме според највисоките стандарди за Србите во Косово да нема никакво загрозување, никаква дискриминација“, додаде Албин Курти, премиер на Косово.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека се договорени „неколку рокови“ и дека е договорено во рок од 30 дена заеднички да се формира мониторинг комисија, со која ќе претседава ЕУ, а која ќе го следи спроведувањето на договорот. Тој рече и дека е договорено „веднаш да започне формирањето на Асоцијацијата“.

„За нас е многу важно што формирањето на Асоцијацијата на општини со српско мнозинство е одлучено како приоритетна обврска и тоа согласно договорите постигнати претходно, во рамките на дијалогот. Морам да кажам дека сум многу задоволен поради тоа“, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *