Ученици од неколку училишта во различни делови на Грција одбраа на свој начин, преку пораки „испишани“ со помош на нивните ранци, да изразат поддршка, но и протест за железничката несреќа со најмалку 46 жртви. Во пораките на учениците преовладува фразата „Пиши кога ќе стигнеш“ која по трагедијата е актуелна на социјалните мрежи во Грција по […]
Вознемиреноста на роднините и пријателите е огромна за лицата кои се наоѓале во кобниот воз кој во Лариса се судри со товарен воз. Меѓу нив е и 20-годишниот Анастасиос Куцопулос од Кардица. „Немаме вести од него, чекаме да го слушнеме. Знаеме дека дефинитивно не беше во првиот вагон“, изјави за АНТ1 неговата девојка Мариета Александрис […]
Повеќе од половина од територијата на Аргентина остана без струја откако пожар ја оштети националната електрична мрежа, јави Би-би-си. Главниот град Буенос Аирес, други поголеми градови и значителен дел од руралните области се целосно или делумно без струја додека Аргентина се бори со топлотниот бран и сушата. Се претпоставува дека пожарот избувнал на отворен простор, […]
Седум јагленосани тела на патници биле утрово извлечени од остатоците од еден од вагоните, со што бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се зголеми на 46 лица, според официјалните податоци од Противпожарната служба. Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис информираше дека операцијата за пребарување и извлекување на местото на железничката несреќа […]
Најмалку две лица загинаа во руски напад врз станбена зграда во Запорожје, на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти. „Луѓето се под урнатините. Според прелиминарните информации, две лица загинаа“, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев за Телеграм. Тој додаде дека зградата е „практично целосно уништена“ во нападот.
Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој веднаш по разорниот земјотрес во Турција, беше испратен да помогне во пронаоѓањето на преживеани и учествуваше во извлекувањето на 38-годишната жена, во разговор за МИА открива дека нејзиното извлекување од урнатините траело цели осум часа. По пристигнувањето во градот Адијаман, веднаш почнала потрагата по преживеани, но првиот […]
Објавени се разговорите меѓу шефот на станицата во Лариса и машиновозачот на патничкиот воз Интерсити 62, кој во вторникот вечерта се судри со товарен воз. Во несреќата загинаа најмалку 43 лица, а повеќе од 80 се повредени. Се верува дека стационарецот без да знае за тоа му дал на машиновозачот „зелено светло“ да се престрои […]
Во Тел Авив избија судири меѓу полицијата и демонстрантите против судските реформи што Владата сака да ги спроведе, а кои тие ги сметаат за антидемократски, откако два спорни нацрт-закони го поминаа своето прво читање во Парламентот. На протестите во Тел Авив против реформите, поради кои беше запрен сообраќајот на неколку патишта, полицијата употреби водени топови […]
САД одобрија потенцијална продажба на оружје за Тајван во вредност од 619 милиони долари, а во оваа сума се вклучени и ракети за борбени авиони Ф-16, во моменти кога Тајван секојдневно јавува за упад на кинеските воздухопловни сили во неговиот простор за воздушна одбрана. Продажбата на оружје веројатно дополнително ќе ги влоши и онака заладените […]
Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе ја поддржи ратификацијата на влезот на Финска и Шведска во НАТО, соопшти пратеничката група на Фидес во момент кога пратениците ја започнуваат дебатата на оваа тема по повеќемесечниот застој. Одлуката на Фидес дојде откако претседателот Каталин Новак, отворајќи ја дебатата, побара од пратениците да го ратификуваат влезот […]