Четврток, 12 ноември 2026 четврток, 12 ноември Струга 15°C Струга 15°C Пријави вест
Балкан

Вучиќ претпладнево ќе се обрати за планот за имплементација

Објавено: · 1 мин читање
Вучиќ претпладнево ќе се обрати за планот за имплементација

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во 11 часот ќе и се обрати на јавноста со цел да го покаже и објасни планот за имплементација, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ синоќа по повеќе од 13 часа разговори изјави дека во Охрид е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат дел од преговарачката рамка и дека не потпишал ништо на разговорите со претставниците на ЕУ и САД и косовскиот премиер Албин Курти.

Тој рече дека Европскиот совет на пат што ќе биде долг ќе оцени колку кој направил од планот за имплементација. Ќе се оценува независно за секоја од страните што направиле.

– За нас приоритетна обврска е да се формира ЗСО согласно претходните обврски од дијалогот, рече Вучиќ. (МИА)