Штрајковите на вработените во јавните служби денеска ги блокираа аеродромите во Келн и Дизелдорф, а прекинот на летовите може да трае до изутрина. „Ситуацијата на аеродромите е мирна, бидејќи повеќето патници биле известени за штрајкот, па не доаѓаа“, изјави претставник на аеродромот во Келн/Бон. Огромното мнозинство од планираните 305 летови во Дизелдорф, кој е најпрометниот […]
Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска за Еуроактив во Брисел изјави дека до крајот на оваа година е можен договор меѓу Белград и Приштина. Пред средбата во Брисел, Курти кажа дека Белград и Приштина имаат за цел годинава да склучат важен договор за нормализација на односите и дека тој нема да биде гладок и покрај зголемениот […]
САД ја предупреди Кина дека ќе сноси сериозни последици доколку обезбеди оружје за руската инвазија врз Украина. Вашингтон и сојузниците во НАТО се обидуваат да ја одвратат Кина од воена помош за Москва, бидејќи се сомневаат дека Пекинг размислува да обезбеди оружје, вклучително и беспилотни летала. -Пекинг ќе мора да донесе одлуки за тоа како […]
Едно лице загина, а 69 се повредени во новиот земјотрес, што утринава беше регистриран во близина на турскиот град Малатија, соопшти директорот на турската Агенција за управување со катастрофи (АФАД), Јунус Сезер. -Спасувачките операции се интензивираат во пет објекти. Речиси на секои три минути се соочуваме со нов, вторичен потрес. Ги советувавме граѓаните да се […]
Кремљ ги оцени како апсурдни новите санкции на ЕУ, воведени против Москва, пренесоа светските агенции. Десеттиот пакет европски санкции беше одобрен по повод годишнината од руската инвазија на Украина и опфаќаат 121 поединец и компанија. „Сето ова е апсурдно. Се гледа дека тие (ЕУ) ги подложуваат сите на санкции само за да направат нови списоци“, […]
Преговорите меѓу Турција, Шведска и Финска за влез на двете нордиски земји во НАТО ќе продолжат на 9 март, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. „Состанокот ќе се одржи на 9 март“, рече Чавушоглу на прес-конференција во Анкара. Кон крајот на јануари Турција ги прекина преговорите со тие две земји и го […]
Турција, претпладнево, во 10 часот, беше потресена од нов силен земјотрес, што, според ЕМСЦ (EMSC), имаше магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, на 11 километри јужно од градот Малатија. Засега нема информации за штети и повредени. Земјотресот бил почувствуван и во околните провинции. Бројот на […]
дно лице загина, а четворица се ранети во западна Украина во руски напад, што ноќеска бил извршен со десетина ирански беспилотни летала, соопштија украинските власти. Загинатиот бил спасител, а бил убиен додека ја извршувал својата должност, изјави на каналот Телеграм градоначалникот на Хмелницки, Олександер Симчишин, наведувајќи дека во тие удари биле оштетени згради. Гувернерот на […]
Огромна дупка со дијаметар од 37 метри и длабочина од 12 метри е создадена на 24 февруари во Карапинар, град во областа Коња во Турција. За овој случај се огласија Техничкиот универзитет во Коња (КТУН) и професорот Фетула Арик. „Бевме во областа каде што се формираше дупката за да ја испитаме. Меѓутоа, не можевме да […]
Командантот на операциите на здружените сили на Украина, Едуард Михаилович Москалов е разрешен од должноста, соопшти денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Генерал-мајор Москалов беше назначен на функцијата во март минатата година, кога генерал-полковник Олександр Пављук беше назначен за шеф на Киевската регионална воена администрација, пренесе Си-Ен-Ен. Зеленски не даде објаснување поради смената на Москалов, […]