Стапката на инфлација во Аргентина се искачи на над 100 отсто

Стапката на инфлација во Аргентина изнесува повеќе од 100 проценти, што се случи за првпат по хиперинфлацијата во оваа земја во текот на 90-тите. Аргентина банкротираше во 2001 година.

Како што соопшти статистичката агенција на оваа земја, стапката на инфлација е 102,5 отсто, што значи дека цените на стоките и услугите се двојно повисоки во однос на претходната година. Аргентина со години има економски проблеми, поради што поголемиот дел од населението живее во сиромаштија. Надлежните се обидуваат да го запрат растот на цените со нивно ограничување.

Сепак, драстично се зголемуваат цените на храната и пијалаците – во февруари поскапеле за 9,8 отсто во однос на претходниот месец. Аргентинските медиуми објавија дека цената на месото пораснала за речиси 20 отсто за еден месец. Весникот Амбито објави дека неповолните временски услови, продолжениот топлотен бран и сушата сериозно се одразиле врз сточарството и земјоделството.

Во оваа земја одамна се чувствува висока инфлација. Во септември минатата година имаше протести со барање да се ограничи растот на цените. Централната банка соопшти дека ќе биде издадена банкнота во нови апоени – 2.000 пезоси (околу 105 долари), што е одговор на поскапувањата.

Владата долго време се обидува да ја ублажи инфлацијата, но политичките поделби ја загрозуваат економијата. Минатото лето за еден месец беа сменети тројца министри за економија.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и додели на оваа земја уште шест милијарди долари за спас на економијата. Тоа беше последната исплата во 30-месечната програма за помош која на крајот треба да изнесува 44 милијарди долари, јавува Би-Би-Си.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *