Навивачите на истанбулските фудбалски клубови „Бешикташ“, синоќа, и на „Фенербахче, ден претходно, побараа од турската Влада да поднесе оставка, скандирајќи и фрлајќи стотици плишани играчки на теренот во спомен на децата жртви од земјотресот на 6 февруари. „Владо, оставка!“ се пееше додека Бешикташ одигра 0:0 со Анталијаспор. Протестот, што се одржа за време на натпреварот, […]
Руски воен извидувачки авион А-50 е оштетен вчера во напад со дронови на аеродром во близина на белорускиот главен град Минск, потврдија членовите на белоруската опозиција во егзил, а лидерката на опозицијата Свјетлана Тихановска изјави дека е горда на нив. „Горда сум на сите Белоруси кои продолжуваат да се спротивставуваат на руската хибридна окупација на […]
Киргистан синоќа беше погоден од земјотрес со јачина од 5,9 степени. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри. Засега нема информација за повредени лица или материјална штета. И Индонезија беше погодена од земјотрес со јачина од 5,5 степени. Земјотресот бил на длабочина од 12 километри.
Палестински напаѓач уби двајца еврејски доселеници во нивниот автомобил денеска на окупираниот Западен Брег, соопштија израелските власти. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, што се случи кога израелските и палестинските безбедносни претставници се состанаа во Јордан за да разговараат за намалување на тензиите. Лекари соопштија дека жртвите на нападот, што се случи во […]
Државната изборна комисија на Црна Гора на денешната седница ја потврди претседателската кандидатура на лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ. Утврдено е дека доставената документација е точна и била утврдена важност на 8.465 потписи. Претставниците на ДПС вчера до ДИК ја доставија кандидатурата на Ѓукановиќ за претседателските избори во […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека утре во Брисел очекува тешка средба во рамки на дијалогот Белград-Приштина, но државата е посветена на мирот и стабилноста во регионот и дека во тој контекст е подготвен да се работи на концептот и спроведувањето на предложениот план со јасни одредени ограничувања. Тој ова го нагласил на […]
Италијанската крајбрежна стража и пожарникарите пронајдоа повеќе од 40 тела откако брод со мигранти потона во близина на италијанскиот источен брег, во регионот Калабрија, пренесе агенцијата АП. Државната телевизија РАИ јави дека до утрово се извлечени 43 тела, а спасени се 80 лица. Италијанската новинска агенција АГИ објави дека меѓу телата има и бебе старо […]
Во голема операција на салвадорските затворски власти беа преместени две илјади затвореници. Убијци, дилери, крадци, со избричени глави и боси нозе тргнаа со автобуси до целта. Целата рута по која патувале била постојано следена од воздух со полициски хеликоптер. Последна станица – Теколука. Огромен новоизграден затворски комплекс од највисоко ниво на безбедност, наменет за 40 […]
Историската Јени џамија (Нова џамија), која се наоѓа во центарот на градот Малатија во југоисточна Турција, беше уништена во земјотресот во понеделникот што ја потресе нацијата. Џамијата, која беше обновена и отворена за богослужба минатата година, беше погодена од земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала. Изградена на местото на џамијата Хаџи Јусуф, […]