Ирската Влада, преку консултативен форум, ќе побара мислење од домашната јавност за традицијата на воена неутралност на земјата, изјави денеска министерот за надворешни работи Мишел Мартин, што е најнов знак за можна промена во политиката по руската инвазија на Украина. Мартин рече дека четиридневниот форум ќе се одржи во јуни во три различни градови. Фокусот […]
Секоја испорака на кинеско оружје во Русија ќе биде историска грешка со сериозни и длабоки последици, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од пактот во Брисел. -Засега не можеме да докажеме испораки за Русија од Кина, а набљудуваме многу внимателно, посочи […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека постои можност за воено повлекување од градот Бахмут на истокот на земјата. „За мене најважно е да не ја изгубиме нашата војска. И секако ако дојде момент на уште поинтензивни случувања и опасности дека може да изгубиме луѓе, ќе има генерали кои ќе донесат исправни одлуки на лице место. […]
Србија и Косово се обврзаа на Договор за патот кон нормализација и на неговиот Анекс, а Европската унија (ЕУ) очекува и двете страни да ги почитуваат сите обврски и што поскоро да почнат да ги спроведуваат, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел. Тој на својот Твитер профил порача дека […]
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е пренесен во болница, јави ДПА, повикувајќи се на медиумски извештаи. Според новинската агенција „Аднкронос“, 86-годишниот парламентарец од денеска е во одделот за интензивна нега во болницата „Сан Рафаеле“ во северниот град Милано. Новинската агенција АНСА исто така објави за хоспитализацијата на поранешниот премиер. Засега нема официјална потврда од семејството […]
Рускиот портал Медуза објави дека организацијата Национална републиканска армија (НРА) презеде одговорност за убиството на блогерот Владлен Татарски. – Организиравме и спроведовме акција на 2 април 2023 година, против група З-активисти и лично против познатиот воин и воен пропагандист, воениот злосторник Максим Фомин, познат како Владлен Татарски. Овој чин го подготвивме и го извршивме самостојно […]
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по пристигнувањето во тридневна посета на Пекинг рече дека Кина може да „игра главна улога“ во изнаоѓањето на „патот кон мирот“ во Украина. Тој пристигна во Кина со цел да го обнови дијалогот со својот колега Си Џинпинг, порачувајќи на почетокот на посетата дека Европа, вклучително и Франција, не смее […]
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел работи на смирување на ситуацијата по денешниот судир меѓу полицијата и верниците во џамијата Ал Акса во Ерусалим. „Израел е посветен на одржување на слободата на вероисповеста, слободниот пристап до сите религии и статус кво, и нема да дозволи насилните екстремисти да го променат тоа“, рече Нетанјаху. Рано […]
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска одби да ја коментира ситуацијата поврзана со апсењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. -Русија смета дека нема право на кој било начин да се меша во внатрешните работи на САД и не сака да ја коментира оваа ситуација, рече Песков, додавајќи дека „Москва го очекува истото од Вашингтон“. […]
Полицаец е уапсен откако пукал во воздух со службениот пиштол во близина на Економскиот факултет во центарот на Атина, откако полициското патролно возило било нападнато од група лица кои претходно палеле канти за отпадоци, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција, група од околу 35 лица, кои излегле од Економскиот факултет, претпладнево запалиле […]