Столтенберг: Сериозни и длабоки последици за Кина доколку направи „историска грешка“ и испорача оружје во Русија

Секоја испорака на кинеско оружје во Русија ќе биде историска грешка со сериозни и длабоки последици, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од пактот во Брисел.

-Засега не можеме да докажеме испораки за Русија од Кина, а набљудуваме многу внимателно, посочи Столтенберг, истакнувајќи дека Пекинг досега не ја осуди војната во Украина и ја поддржува руската економија.

Столтенберг ја предупреди и Белорусија да не интервенира директно во војната. Тој истакна дека првите напади врз Украина, на почетокот на минатата година, биле извршени токму од територијата на Белорусија.

-Ставот на НАТО е дека Украина ќе се приклучи на Алијансата, но има најмалку два услова – да остане суверена, демократска и независна земја, и откако војната ќе заврши и Украина победи, украинските вооружени сили да имаат интероперабилност со силите на сојузот, објасни генералниот секретар на НАТО.

„Поддршката за Украина е во интерес на нашата безбедност, иднината на земјата е во евроатлантското семејство, неопходно е да се постигне праведен и траен мир“, резимираше Столтенберг.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *