Кремљ: Немаме коментар за апсењето на Трамп, тоа е внатрешно прашање на САД

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска одби да ја коментира ситуацијата поврзана со апсењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

-Русија смета дека нема право на кој било начин да се меша во внатрешните работи на САД и не сака да ја коментира оваа ситуација, рече Песков, додавајќи дека „Москва го очекува истото од Вашингтон“.

Поранешниот американски претседател вчера беше накусо уапсен и изведен пред судијата Хуан Меркан во судот во Менхетен, каде што беше обвинет за 34 точки од обвинението поврзано со заговор и тајни исплати кон порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година, објави американскиот портал Хил.

Британските медиуми пренесуваат дека Трамп изјави дека сите случаи против него се обид да се спречи неговата трета кандидатура за претседател на САД.

Според него, ситуацијата е „масовно мешање во изборите од невидени размери“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *