Крајнодесничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, го негираше постоењето на палестински народ и рече дека тоа е концепт измислен пред помалку од 100 години. – Не постојат Палестинци затоа што не постои ма палестински народ, рече Смотрич синоќа на настан во Париз. Концептот, рече Смотрич, го измислиле „некои Арапи во регионот за да се борат […]
Стапката на наталитет во Италија продолжува да опаѓа, покажуваат податоците објавени денеска од агенцијата за статистика Истат. Според последните податоци, во 2022 година се родени 392.598 деца. Тоа е 7.651 новороденче помалку отколку во 2021 година – и помалку од кој било период од обединувањето на земјата во 19-от век. Вкупното население се намалило за 179.000 луѓе за една година. На крајот на 2022 година, населението на Италија […]
Европската комисија ќе и даде милијарда евра помош на Турција, која беше погодена од земјотреси, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на почетокот на меѓународната донаторска конференција. Таа говореше за земјотресот, кој однесе речиси 50.000 животи во Турција и Сирија, како најголема природна катастрофа што го погоди регионот во последните години. „Милиони […]
Цената на европскиот природен гас денеска падна под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година. Како што јави ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец падна на 39,65 евра. Цените на природниот гас драматично […]
Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, а го почувствувале и граѓаните на Србија. Земјотресот е регистриран во 15:02 часот по локално време, на длабочина од 15 километри. Засега нема информации за материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри северозападно од Таргу Зију, кој и претходно бил центар на потреси. (МИА)
Според реакциите на српската опозиција на догорот меѓу Србија и Косово во Охрид, тој преставува предавство, доведување во заблуда на граѓаните, отварање на пат кон Голема Албанија, а десно ориентираните и проруски партии најавија протест закажан за 24 март, јави дописникот на МИА од Белград. -Вучиќ немилосрдно повторува дека не го потпишал договорот. Нашите граѓани […]
Руската претседателска администрација им порача на функционерите да престанат да користат ајфони на Епл поради загриженоста дека уредите би можеле да бидат осетливи на западните разузнавачки агенции, објави денеска рускиот весник „Комерсант“. На семинарот организиран од Кремљ за функционери вклучени во внатрешната политика, првиот заменик-шеф на кабинетот на рускиот претседател, Сергеј Кириенко, им рекол на […]
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција на почетокот на февруари надмина 50.000, изјави денеска директорот на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби, Јунус Сезер. Тој во обраќањето пред турскиот Парламент прецизираше дека загинале 50.096 лица, а повредени се 107.204 лица. Земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени […]
По средбата на високо ниво во рамките на дијалогот Белград-Приштина одржана викендов меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти во Охрид, потпретседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Мајкл Георг Линк ги пофали напорите на ЕУ и САД и постигнатиот напредок во развојот на нормални, добрососедски односи, јави дописникот на МИА […]
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека „Србија на средбата во Охрид успеала да ги заштити своите национални интереси со мудрата политика на претседателот Александар Вучиќ“ и додаде дека „Србија мора да води дијалог и да ги нормализира односите со Приштина, држејќи се до нејзините црвени линии“, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ […]